Нова продавница и големи попусти во Golden Rose

22 април 2019

Еден од омилените козметички брендови Golden Rose отвори нова продавница во Кавадарци, а токму таму ќе ја најдете и нивната нова колекција.

Сите дами од Кавадарци сега имаат свое место каде ќе можат да ги набават сите потребни производи за да изгледаат прекрасно оваа сезона.

Пролетва сакаме што е можно поприродна шминка, а токму во нивните продавници ќе ги најдете соодветните производи за постигнување на тој ефект.

Што е уште подобро, од 25 – ти па сè до 28 – ми април во сите продавници на брендот ќе можете да го набавите било кој производ со 20 проценти попуст.

Искористете ги слободните празнични денови за да ја надополните вашата козметичка торбичка со квалитетни производи што ќе ги обожавате.

Кај нив ќе најдете огромна понуда на фантастични кармини во неверојатна палета на бои, руменила во разни нијанси, разни видови маскари за впечатливи трепки, но и коректори во мини пакувања што можете да ги носите секаде со себе.

Сезонава одберете ја и вашата омилена боја на лак за нокти и изгледајте супер средено во секој дел од денот.

Сите овие и уште многу други производи можете да ги набавите само овој викенд по супер цени со попуст од 20 проценти во сите продавници на Golden Rose.

*Комерцијален текст

Објавено:
22 април 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.148 пати