Нова техника на бојадисување на косата: Lived - In прамени

18 јули 2016

Во екот на летото, секоја девојка сака да направи драстична промена на косата, без разлика дали станува збор за нова фризура или пак нова боја на косата.

Покрај бројните нови техники за бојадисување по кои полудеа девојките ширум светот, ова лето доаѓа сосема нова, се чини наједноставна од сите.

Девојките кои сакаат бојадисани прамени знаат дека тие се малку потешки од целосното бојадисување на косата, но со оваа техника, нема да мора да ги обновувате цели шест месеци!

Фризерот Џони Рамирез го започна трендот Lived In со кои стратешки ги реди и бојадисува прамените од косата така што тие траат подолго, а како што ви расте косата, истите изгледаат уште подобро.

Неговата техника вклучува бојадисување на прамените по целата глава, ставање на боја на стратешките делови и создавање на „лажен корен“ кој изгледа поприродно од вашата вистинска боја и не изгледа лошо кога косата ќе почне да ви расте.

Ваквите прамени најдобро изгледаат на косата кога е добро скратена и кога имате квалитетна коса на чии врвови не и треба постојано потстрижување.

Рамизер има и одличен совет за сите жени кои сакаат да преминат на руса нијанса на косата, а не сакаат прамените да им изгледаат бело или жолто.

„Купете банана и погледнете ја нејзината внатрешност. Тоа е најприродната руса боја за коса која можете да ја добиете“, изјави фризерот за Refinery 29.

Објавено:
18 јули 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
11.001 пати