Новата „balayage“ техника - хит за оваа пролет!

7 март 2017

По омбре трендот кој владееше неколку години и девојките навистина го обожаваа, на сцената се појави „balayage“ техниката која се чини во целост го замени.

Всушност, оваа техника беше на многу начини поубава, со оглед на тоа што даваше еден природен, сончев изглед на косата.

На косата оваа техника ќе и овозможи еден навистина поинаков и прекрасен сјај со што таа ќе изгледа неверојатно здрава и негувана.

Оваа пролет „balayage“ техниката доаѓа во сосема ново руво, уште подобро од претходното.

Новиот изглед на оваа техника започнува со потемна нијанса кај коренот и поминува во неколку нијанси посветло надолу накај врвовите.

„Balayage“ техниката овозможува појак контраст помеѓу темниот корен и светлите врвови на косата, со што станува совршен избор дури и за оние девојки кои имаат природно темна коса.

Оваа супер техника впрочем одлично ќе и прилега на секоја нијанса и должина на коса, без разлика дали имате долга или кратка боб фризура.

Лесното одржување е само една од предностите на оваа техника, односно ако имате потемна коса, таа нема да се разликува многу од темните нијанси што се користат кај врвовите при правењето на „balayage“.

Ако сте подготвени за експерименти оваа пролет, тогаш светлите нијанси на врвовите нека бидат во розова или некоја друга интересна боја.

Објавено:
7 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.587 пати