Новата фризура која полека станува хит на Инстаграм

23 јуни 2018

Веројатно сите повторно се вљубивте во популарната боб фризура која стана хит откако истата ја пробаа некои од најпознатите дами во светот меѓу кои и Дуа Липа и Мила Кунис.

Деновиве по социјалните мрежи можеме да видиме еден сосема спротивен тренд на кој веруваме дека многумина од вас ќе се израдуваат.

Стилистката на некои од најпопуларните актерки во светот, Бриџит Брагер, вели дека на повидок е нов тренд кој всушност е нешто многу старо и ултра популарно.

„Поголемиот број од моите клиентки во последно време ми бараат многу долга коса и можам со сигурност да кажам дека тоа ќе биде еден голем тренд во скоро време. Во неколку наврати, морав да ставам и екстензии на барање на познатите дами“, вели стилистката за In Style.

Таа посочила дека Ким Кардашијан била една од првите кои побарале ваква фризура, наречена едноставно „Шер фризура“, со што уште еднаш докажала дека е чекор пред трендовите.

Доколку не сте обожавател на екстензиите, тогаш добро негувајте ја и кратете ја на време за да можете и вие наскоро да се пофалите со новиот тренд.

Објавено:
23 јуни 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.724 пати