Нови акции во Cosmo

11 ноември 2015

Cosmo знае дека жените сакаат убави изненадувања, па затоа постојано се труди да ги направи среќни. Овој пат ви ги претставуваме новите акции во дрогериите Cosmo, за кои сме сигурни дека ќе ви го привлечат вниманието.

За секоја купена течна пудра Loreal Infallible или новата пудра True Match ќе добиете намалување од 60% на маскарата Manga.

Доколку пак сте во потрага по совршена боја за коса или пак треба да ја освежите веќе проверената, Cosmo за секоја купена Garnier фарба за коса дава 50% намалување на Ultra Doux шампон или регенератор, со што ќе имате комплетна нега на косата.

Исто така, да не заборавиме, ноември е месец на убавите мириси на Живанши. Ова е вистински момент да си подарите или да подарите некому парфем, бидејќи сите линии за мажи и жени на Живанши се со намалување од 25 %.

Сето ова е доволен повод да појдете до најблиската или најомилената Cosmo дрогерија и максимално да ги искористите поволностите што ги нудат овој месец.

Cosmo ве очекува!

 

Објавено:
11 ноември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.431 пати