Олимписките трендови за убавина

16 август 2016

Во тек е последната недела од Олимписките игри во Рио. И модните новинари ги следеа будно случувањата на 31-то издание на Олимпијадата, но фокусот секако беше присуството на модни трендови.

Веќе пишувавме за униформите на репрезентациите, како и за спортската опрема низ годините, а овој пат вниманието го насочуваме кон трендовите за убавина.

Она што можеби останатите гледачи не го забележаа, љубителите на модата сигурно да. Голем број од учесничките на ЛОИ имаа интересен избор на маникир, фризура и шминка.

Погледнете ги фотографиите во продолжение и ќе ви стане јасно на што мислиме:

Американските олимпијки го прославуваат златото, а во фокус, покрај широките насмевки, е и шарениот маникир во боите на американското знаме.

 

Гимнастичарката Лорен Хернандез можеби нема шарен маникир, но вниманието го привлече со ајлајнерот, односно „мачкестиот“ изглед на очите, што одлично ѝ прилега.

 

Бразилската одбојкарка, Жаклин Ендрес го примени еден од најактуелните летни трендови, коњско опавче со повеќе ластичиња.

 

Исабел Јекубу беше забележана на теренот, не само по одличната игра, туку и по црвените суканици на коса, што ги усогласи со црвен маникир.

 

Оваа репрезентативка од Иран и преку маникирот покажа дека гордо го носи знамето на својата држава.

 

Фудбалерката Алекс Морган со ластик-лентата за коса и плетенката со опавче докажа дека се интересира за модните трендови.

 

 Свршеницата на Мајкл Фелпс, Никол Џонсон му ја оддаде поддршката на својот сакан и преку овој уникатен маникир со американското знаме, олимписките кругови и неговите иницијали.

 

Симон Билс ја има совршената сенка за очи на овие Олимписки игри. 

А и маникир!

 

Венус Вилијамс уште еднаш покажа дека ја сака модата, а со плетенките и црвениот кармин дефинитивно остава силен впечаток.

 

Пливачот Рајан Локти покажа дека не се само жените заинтересирани за трендови. Пред да замине за Рио, спортистот отишол во Аталанта на фризер, со специјално барање да ја сменат неговата боја на коса во популарната сива.

 

Јулиа Ефимова гордо го покажува сребрениот медал, но и омбре маникирот, што уште од минатата сезона е вистински хит.

Објавено:
16 август 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.508 пати