Сите добро ги паметиме првите омбре нијанси кои беа вистински хит низ фризерските салони, а оттогаш се променија голем број на варијанти и бои на оваа планетарно популарна фризура. 

Како и секоја сезона, така и оваа што ни доаѓа, омбре фризурата повторно ќе биде супер модерна, само овој пат во малку поинакви, изненадувачки нијанси. 

Иако досега омбре фризурите се поврзуваа исклучиво со руси и претежно светли нијанси, оваа есен популарната техника доаѓа во сосема ново руво. 

Сивата коса одбележа голем дел од годината што измина, но од неа нема да се простиме ниту оваа есен. Низ фризерските салони ширум светот веќе на големо се бараат сивите омбре нијанси кои за многу кратко време ги освоија социјалните мрежи. 

Ако сакате вистинска промена сезоната што доаѓа и конечно се решивте за сосема нов изглед, тогаш овие омбре нијанси се совршениот избор за вас. 

Доколку ви е потребна инспирација, истата пронајдете ја во галеријата погоре, но и преку хаштагот #greyombre на Инстаграм.

Објавено:
18 август 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.983 пати