„Organic shop“ – природна козметика за совршена нега на вашето тело и коса

5 јануари 2018

Благодарение на ентузијазмот, желбата и несекојдневната макотрпна работа, компанијата „П-Витагруп" од Прилеп овозможи асортиманот од серијата на „Organic Shop" да се најде на пазарот во Република Македонија.

Производите се наменети за нега и грижа на тело и коса кај жени и мажи.

За сите оние кои вистински сакаат да се грижат за своето тело и коса, за оние на кои им е важен пред сѐ природниот и исклучително квалитетен состав.

Organic Shop серијата е новитет во светот на природната козметика, во чија основа е сето она што е потребно за нега на Вашето тело и вистинско задоволство, со што ќе се потенцира Вашата убавина.

Што му е потребно на Вашето тело? Нежност, пријатни чувства, свежина во текот на целиот ден!Создавајќи ја секоја формула за секој крем, скраб, пилинг маска, технолозите на Organic Shop се трудат да Ви го доловат она што за Вас е најпотребно, грижливост и светли емоции за Вас.

Трите основни правила за секое средство од големиот асортиман на Organic Shop се: Пририодно – Чисто - Едноставно. Исклучиво тоа што е најпотребно за Вашето тело и коса.

Organic Shop – максимално природен соства и формула, потврдени од авторитетни експерти. Природниот состав на козметиката Organic Shop е потврдена со еко сертификат COSMOS NATURAL издаден од европската асоцијација BDIH.

Organic Shop – чист состав: без паробени, сулфати, силикони, синтетички бои и мириси. конзерванси, полиетилен.

Organic Shop – едноставност: нашите средства содржат едноставна комбинација на природни компоненти, едноставни и ефективни формули, без негативно влијание за природната околина, во удобно пакување.

Во широкиот асортиман на Organic Shop претставени се средства за грижа и нега на тело (гелови за туширање, кремови, скрабови, пилинзи, мусеви) и грижа и нега на коса (шампони регенератори, маски).

Исто така Organic Shop Ви ја претставува серијата Body Desserts – десерт за Вашето тело, инспирирана од вистински десерти, кои ќе го подобрат Вашето расположение и ќе му подарат вистинско уживање на Вашето тело.

Неодоливата Slim и Detox линија ќе помогнат за цврстината на Вашео тело.

Според последните истражувања се потврдува фактот дека покрај жените, и мажите во последните десет години многу повеќе се негуваат и купуваат козметички препарати.

Дури и помалите модни куќи имаат свои линии на производи за нега и убавина кога станува збор за машката популација. А старото модно правило вели: кога некој се грижи за себе и постојано вложува, успехот е неминовен.

Како последен пример за тоа е соработката која се случи неодамна помеѓу нашиот интернационален машки модел Павле Николовски и интернационалниот женски модел Елена Реи со брендот за козметика ОRGANIC SHOP.

Оваа европска козметичка куќа  ги создава своите производи исклучително од органско потекло кои се природни, здрави и што е најважно не се тестирани врз животни. Во својот сет на производи ги има сите нешта кои му се потребни на еден млад и урбан човек. Токму затоа компанијата „П-Витагруп" од Прилеп, застапувајќи ја оваа престижна козметичка куќа за прв пат одбира и машки модел како заштитно лице за својот бренд.

Николовски е докажан модел со интернационално искуство, веќе пет години дел од модната агенција Моделс ИН, па сосемa разбирливо е дека комплетно го освои овој бренд.

Проширувањето на соработката со Елена Реи, еден од нашите најпознатаи интернационални модели, само ја зацврстува посветеноста на компанијата кон квалитетот што го нуди.

Заедничката поврзаност и симбиоза помеѓу моделите и брендот е повеќе од очигледна. Одличен пробив за органската козметика со која повеќето корисници го креваат степенот на нивниот здрав начин на живот и убавина во целост.

Целиот асортиман на производите можете да го најдете во реномирани фризерски и козметички салони, како и во парфимерии во следните градови: Скопје, Штип, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Битола, Охрид, Ресен, Куманово, Кочани, Виница, Радовиш, Кичево.


Фотограф: Рилинд Хоџа
Шминка: Елена Пиштолова
Фризура: Драгана Јосифовска

*Спонзорирана објава

Објавено:
5 јануари 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
857 пати