Осум навики со кои несвесно ја уништувате косата

28 ноември 2016

Веројатно како и сите други девојки и вие сте убедени дека правилно и добро се грижите за вашата коса, но сепак нешто се случува со неа.

Покрај стандардните работи што тотално ја уништуваат како пеглата, фенот, постојаното виткање и врзувањето во репче, има и некои други навики за кои вие и не сте свесни што предизвикуваат.

Ако сакате коса која ќе биде вистински празник за очи и во која ќе уживате во секој момент од денот, тогаш дознајте кои се навиките кои мора да престанете да ги правите уште денес.

1.Одбирате шампони со премногу сулфат.

2.Регенераторот го нанесувате на целата коса, иако тој е наменет само за негување на врвовите на косата.

3.Често ја изложувате косата на јако сонце.

4.Ја чешлате додека е мокрa.

5.Избегнувате да ја кратите косата, иако врвовите се тотално уништени.

6.Многу често ја негувате со хемиски препарати.

7.Ја миете косата секој ден.

8.Речиси секогаш косата ја стилизирате со апарати на превисока температура.

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.265 пати