Осум причини зошто одморот да го поминете во пливање

31 јули 2018

Многумина го сакаат одморот поради самиот факт дека конечно ќе се оттргнат од секојдневието, како и тоа дека одморот најчесто вклучува вода, сонце, плажа, дружба, забава...

Без разлика кои се вашите мотиви и причини поради кои го сакате летниот одмор, ние ќе ви дадеме уште една - пливањето.

Оваа активност е најдоброто нешто што можете да го направите за своето тело, а во продолжение ви презентираме 10 причини кои ќе го потврдат тоа и ќе ве натераат да го смените сончањето со пливањето:

Делува смирувачки

Водата ни овозможува да здивнеме од константното стимулирање на мозокот со имформации. Пливањето, во тој контекст, ни дава одлична вежба за телото и медитација - има ли подобра комбинација?

Помага при слабеење

Ако сакате да намалите килограми, почнете да пливате. За еден час пливање, можете да потрошите 500 калории. Покрај тоа, го активирате секој мускул во телото, а не го напрегате премногу.

Пливањето е одличен аеробик

Никогаш не е премногу рано да почнете да пливате (кога е возраста во прашање), но и повозрасните личности што патат од артритис, мускулно-коскени или ограничувања поради килажата, можат да ги осетат благодетите на пливањето, токму поради отсуството на притисок на зглобовите. Значи, да плива може секој, без оглед на килажата, годините или физичката подготвеност.

Добро е за трудници

Вежбањето не е добро само за мајката, туку и за детето, а пливањето е еден од најдобрите избори што можете да ги направите, поради минималното напрегање. Пливањето со лицето надоле, овозможува оптимален проток на крв во матката.

Симултано го јакне телото и кардио способностите

Како што и претходно споменавме, кај пливањето нема притисок врз зглобовите, но затоа резултатите се интензивни. Вежбањето во вода исто така дава умерен отпор, што предизвикува јакнење на телото. Со пливањето ја подобрувате и рамнотежата, сонот и здравјето на коските.

Го намалува ризикот од дијабетес

Со редовна вежба, односно пливање, се намалува нивото на глукоза во крвта. Тренингот за отпор и аеробните вежби во комбинација (или посебно) ја подобруваат контролата на шеќерот во крвта кај пациентите со дијабетес тип 2.

Ги намалува симптомите на астма

Водата е погуста од воздухот, па додека пливаме белите дробови мора да работат повеќе, за да ја снабдат крвта со доволно кислород. Тоа е добар фитнес за белите дробови, со што се ублажуваат и симптомите на астма.

Подмладува

Пливањето го намалува ризикот од смрт за дури 50 проценти, велат статистиките. Во една студија биле опфатени околу 40.000 испитаници помеѓу 20 и 90 години, и истата траела 32 години, а резултатите покажале и докажале, дека стапката на смртност е најмала кај луѓето што пливаат, дури и за 50 проценти помала отколку кај оние што трчаат, пешачат или воопшто не вежбаат.

 

 

Објавено:
31 јули 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
535 пати