Откако ја испративме старата и ја дочекавме новата година, сега е вистинско време да се свртиме кон нови навики.

Првите денови од годината направете нешто поинакво со себе, посветете си време да го исчистите организмот од сета храна што ја внесовте за празниците, закажете си на фризер, одете на масажа, променете нешто во вашиот изглед.

Како и секогаш, ние ви ги носиме трендовите од светот на модата, а денеска ви ги посочуваме осумте трендови што ќе преовладуваат во светот на убавината во 2016 – тата година.

Дел од трендовите се веќе постоечки, а некои сосема нови. Како и претходната, и следната година огромен хит ќе биде боб фризурата, плетенките во сите варијанти и nude боите кај шминката.

Погледнете!

Објавено:
4 јануари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.673 пати