Освежете го организмот по празниците со овие едноставни состојки

3 јануари 2017

Веруваме дека нема човек кој барем малку не претерал со консумирање на храна и пијалаци за време на празниците, па сега е вистинското време да се вратите во нормала.

Навистина е тешко да им одолеете на сите вкусни деликатеси што се подготвуваат за време на празничните денови и на сите оние покани за дружба кои најчесто траат до доцна во ноќта.

Навиките на прејадување за време на празниците се нешто од што е тешко да се откажеме, но затоа мора многу брзо да го вратиме телото и организмот во нормала со здрава храна и вкусни пијалаци.

Во продолжение дознајте кои се најефикасните напитоци кои се лесни за правење, а организмот ќе ви биде исклучително благодарен за тоа.

-Вода со лимон

Овие денови утринското кафе обидете се да го замените со шолја вода со исцеден лимон. Веднаш откако ќе се разбудите исцедете половина лимон во чаша вода за да му помогнете на телото да се ослободи од токсините, но внимавајте ако имате проблеми со желудникот.

-Тоник за чистење

Ако сте љубители на лесни сокови од овошје и зеленчук, тогаш уште денес започнете го денот со еден таков. Здравите сокови се совршен начин да го почнете денот, а истите ќе ви ја дадат сета потребна енергија за извршување на обврските. Она на што треба да внимавате е тој да содржи зеленчук или овошје полн со витамин Ц и да има освежителен вкус. Обидете се да употребувате ѓумбир и цимет и секако ако е возможно, овошјето и зеленчукот да бидат од органско потекло.

-Вкусно смути

Уште денеска направете си го ова смути кое важи за едно од највкусните и најефикасните во борбата против надуеноста, особено после празниците.

Состојки:

-Сок од портокал

-Сок од половина лимон

-1/2 банана

-Морков

-1/2 лажица ѓумбир во прав

-1/2 шолја бадемово или обично млеко

-Малку мед

-Урамнотежена исхрана

За телото да се врати во рамнотежа по празниците, единствено нешто што треба да направите е да се вратите на здравата исхрана и урамнотежената исхрана и секако, да вежбате повеќе. Обидете се да го намалите или целосно да го исфрлите шеќерот од исхраната со што ќе му направите голема услуга на организмот. Обидете се да внесувате поголема количина на производи полни растителни влакна поради што веднаш ќе се чувствувате подобро.

-Чаеви

Не само што чаевите се супер антиоксиданси, туку тие ве хидратизираат и ве прават сити, што значи дека помалку ќе бидете склони кон прејадување. Обидете се да го најдете омилениот вкус на чај и неговото пиење да ви стане навика. Секогаш обидете се да одберете чаеви – тревки наместо оние во ќесичка.

Објавено:
3 јануари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
859 пати
Извор: 
fitness.com.hr