Изминатата 2016 година ја одбележаа две тренди фризури што ги гледавме постојано на црвениот килим, но и на бројни други настани.

Една од нив беше познатата боб фризура, додека другата нејзина варијација наречена лоб, или „long bob“.

Со новата година, сосема нормално дека дојдоа и нови трендови, но сепак блиску до оние со кои мислевме дека веќе се збогувавме.

Како најпосакувана за 2017 година е прогласена боб фризурата со густи шишки, која веќе неколку дена е вистински хит на Инстаграм благодарение на познатите блогерки.

Оваа фризура е супер за сите видови коса, а и за сите бои на коса, бидејќи изгледа неверојатно добро и шик со секоја стајлинг.

Боб фризурата во случајов може да биде сосема рамна, со различна должина, виткана или сосема права, а една од најобожуваните е онаа со бранови.

Супер стилизирана или сосема разбушавена, боб фризурата со шишки дефинитивно станува вистински хит меѓу девојките, а нам особено ни се допаѓа. 

Објавено:
18 јануари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
11.459 пати
Извор: 
journal