Ова момче се шминка подобро од сите нас!

14 октомври 2016

Доколку сте фанови на социјалната мрежа Инстаграм, тогаш деновиве веројатно некаде низ содржините го сретнавте ова момче кое умее да се нашминка многу добро.

Но, тоа што тој самиот знае да се нашминка толку добро не е воопшто бизарно колку фактот што токму ова 17 – годишно момче стана првиот амбасадор на американскиот козметички гигант CoverGirl.

Иако шминката му стои навистина добро благодарение на нежните и женствени црти на лицето, не може да се занемари фактот што светот отиде дотаму што момче малолетник е заштитно лице на козметичка линија.

Конкретно, младиот Џејмс Чарлс ќе ја промовира новата маскара на брендот за што претставниците на истиот ќе кажат дека е совршениот лик.

„Џејмс ќе биде совршено лице за промоција на новата колекција. Тој ќе биде човек кој ги крши границите и кој ќе ги употреби нашите производи за разни трансформации и динамични изгледи со што ќе прикаже различни страни од неговата личност“.

Бизарно или не, овој потег на козметичката компанија и на Џејмс им донесе огромен број на следбеници и голема поддршка на социјалните мрежи, но и такви кои воопшто не се согласуваат со овој чекор.

Најголема поддршка тој доби од популарната пејачка Кејти Пери како претходен амбасадор на CoverGirl која всушност и прва ги сподели вестите на нејзиниот Инстаграм профил. 

Објавено:
14 октомври 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.910 пати