Оваа есен имаме нова љубов – парфемот Ananda Tchai

2 октомври 2017

Волшебен мирис спакуван во вистинско уметничко дело, е првата помисла која кај вас ќе ја инспирира новата мирисна нота на престижниот француски бренд M.Micallef, парфемот Ananda Tchai.
Флорален парфем спакуван во карактеристично шише Ananda, во килибарни и бронзени тонови украсен со Сваровски кристали и златно капаче.

Магичен цветно-ориентален, топло-ладен мирис. Како нежна магла, магичната врвна мирисна нота пренесува свежина, која се преобразува во богат зачинет букет (зелен чај, хелиотроп, мускатно оревче, темјан, бибер, иланг-иланг и роза). Базните ноти полека се развиваат за неколку часа кои оставаат дрвенест мирисен траг, со вкус на ванила и килибар, што го потпишува крајниот израз на овој брилијантен фасцинантен мирис.

Како врвна софистицираност на овa оригинално богатство, кое совршено легнува на дланката, е спектакуларното капаче кое евоцира на егзотична архитектура и пркоси на гравитацијата.

Ова уметничко дело од парфем е дел од богатата понуда на парфимеријата Anabella, лоцирана во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија.

Спонзорирана објава

Објавено:
2 октомври 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
406 пати