Парфем во чаша за коктел

15 јули 2014

Козметичкиот бренд со светско реноме, кој секоја нова сезона воодушевува со нови иновации, ова лето успеа да ги надмине нашите очекувања и тоа со производ спакуван во сосема поинаква амбалажа од очекуваната.

Станува збор за лимитирано издание на компактен парфем за летната сезона поради кој страсните колекционери ќе мора да одвојат поголема сума пари за да го поседуваат овој луксуз. Festive Cocktail Perfume Compact моментално се продава по цена од 195 долари, а покрај тоа што ќе изгледа како моден детаљ, бидејќи амбалажата е всушност коктел чаша, нуди и лесна мирисна нота, која е прифатлива за овој период од годината.

 

Објавено:
15 јули 2014
Категорија: 
Убавина