Парфемот „Idôle“ е новиот идол на современата жена

24 септември 2019

Idôle. Токму во сопственото наследство, Lancôme го пронајде името на својот нов женски парфем. Овој збор, присутен во светот на брендот веќе неколку децении, стана очигледен. Со овој избор, брендот гордо ја потврдува својата врска со себе, и полага право на својата приказна за испишување на иднината.

Блескајќи во срцевината на Idôle, цветната нота ја илустрира посветеноста на брендот Lancôme, парфимерска куќа која е одлучна во поместувањето на границите на парфимерската индустрија. Во парфимерскиот свет, кој често се смета за нетранспарентен, Lancôme се гордее со транспарентноста и можноста за следење на состојките во своите формули. Одбиваме компромиси кога се работи за квалитетот на мирисот на нашите креации и заштитата на природните ресурси и луѓето кои ги произведуваат.

-Lancôme го замисли својот одличен нов мирис во будењето на оваа современа женственост. Lancôme го следи својот сон: да ги слави жените и да ги придружува во патот кон среќата. Бидејќи низ историјата жените продолжиле да се менуваат, повторно да се откриваат себеси, брендот продолжил да ја следи нивната еволуција и да остане колку што може поблиску до нивните желби и стремежи. „Се обликува нова визија на успехот. Idôle е мирис на женственост која освојува – изјавува Françoise Lehmann, глобална претставничка на брендот.

Петте букви од овој збор, толку важни за Lancôme, говорат сè: аура и моќ, но исто така и нежност и префинетост. Сите вредности на новата генерација жени кои ги совладуваат своите успеси без жртвување на нивната женственост, обединети под култното Ô во Lancôme.

Како паметна референца на симболичното шишенце на овој нов мирис, како суптилен потсетник на својот карактеристичен ореол, Idôle кристализира нова визија на успех: онаа која соединува, а не раздвојува. Успех кој ги претвора жените во инспиративни водачи. Индивидуален успех кој се споделува и пренесува понатаму, со цел да ги поттикне другите да веруваат во себеси и за возврат, да успеат. Лично исполнување кое ги надминува границите на поединецот, со цел да влијае на колективната моќ на заедницата. Затоа што во секоја жена постои идол и затоа што секоја жена е идол, Idôle e мото кое обединува. Име кое оддекнува, сега повеќе од кога и да било, уникатна сила. Покана да верувате во себе, да се надминете себеси, да пробиете нов сопствен пат.

 

Објавено:
24 септември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
235 пати
Тагови: 
Lancome парфем Idôle