Персонализирана пудра – револуција во козметичката индустрија

16 февруари 2017

Од козметичката куќа Lancôme доаѓаат одлични вести.

Неодамна овој бренд на пазарот лансираше револуционерен производ.

Имено, се работи за персонализирана пудра која целосно е прилагодена на вашиот тип на кожа и тен.

За сега овој производ е достапен само на американскиот пазар, но многу наскоро се очекува неговата продажба да биде достапна низ цел свет.

Целата процедура функционира така што прво се скенира вашата кожа, при што се утврдува тонот и типот на кожата, а потоа се создава специјализирана течна пудра која совршено ги покрива сите недостатци на вашата кожа.

Иако звучи необично, сепак ова е почеток на една нова ера во козметичката индустрија.

Објавено:
16 февруари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
969 пати