Пет детски парфеми со потпис од познати брендови

29 ноември 2013

Детските парфеми се актуелизираа минатата зима, кога Долче и Габана објавија дека ќе го лансира првиот парфем за најмладите под сопствена етикета. Но, дизајнерското дуо, секако, не беше прво во оваа идеја. Детските парфеми прв пат се откриени кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те. Големите брендови како Булгари, Барбери станаа застапници на овие парфеми, а некои од нив поради подобра реклама ги купија правата од компанијата Волт Дизни, за парфемите да бидат попривлечни за децата. Ви ги претставуваме петте најбарани детски парфеми од познати брендови.

Burberry, Baby Touch

Состав: портокал, мандарина, ванила

 

Bulgari, Petits et Mamans

Состав: сицилијански портокал, ружа, ирис,ванила и пудрасти ноти

 

Givenchy, Tartine et Chocolat

Состав: цитрон, јасмин, амбер, мошус, дрво од ружа

 

Noukie's, Eau de Senteur

 

Состав: пудрасти ноти, мошус, ванила

 

Hello Kitty, Baby Perfume

 

Состав: јагода, зелено јаболко, лешник, малина, мошус и дрвенасти ноти

 

Објавено:
29 ноември 2013
Категорија: 
Убавина