Пет намирници што не треба да ги јадете навечер

26 април 2016

Доколку имате навика да ручате малку порано, а практикувате да седите до доцна во вечерта, сосема нормално е да почувствувате потреба за закуска пред спиење. 

Секако дека истата можете да си ја дозволите, но само ако ги избегнувате овие намирници кои не се добри за организмот пред спиење, а ниту за вашата линија. 

Житарици 

Поголемиот број луѓе кога се гладни веднаш посегнуваат за житарици или мусли со млеко мислејќи дека тоа е лесна храна. Не сите жирарици се лош избор за вечера, но поголемиот дел од нив содржат голема количина на шеќер и ниска количина влакна. Ако навечер консумирате многу шеќер, веројатно ќе се разбудите многу гладни изутрина. Наместо житарици, изедете еден овошен јогурт во кој има житарици кои содржат најмалку четири грама влакна по порција. 

Мексиканска/зачинета храна 

Зачинетата храна е привлечна во секое време, но никако не е препорачлива пред спиење. Таквата храна богата со калории и маснотии може да предизвика разни киселини и непријатности во желудникот. Ако вашите потреби за ваква храна се навистина големи, тогаш изедете една пченкарна тортилја со сирење со ниска масленост. 

Чизбургер/помфрит 

Мрсната и тешка храна може многу лошо да влијае на вашиот желудник бидејќи ѝ треба долго време да се свари. Наутро ваква храна ќе ви предизвика замор и потреба за сон, додека ваквиот оброк доцна навечер ќе ви направи проблеми со несоница. Ако веќе мора да изедете сендвич пред спиење, нека биде тоа сендвич со мисирка и секогаш леб од интегрално брашно. 

Чоколадо 

Не само што чоколадото има многу калории и шеќер, содржи и кофеин кој може да придонесе за немирен сон. Ако сакате нешто слатко, испијте чаша топол чај или чаша чоколадно млеко со ниска масленост, или пак изедете некое интегрално колаче. 

Газирани сокови

Газираните сокови се извор на шеќер и празни калории, така што очигледно тие се погрешен избор за било кое време од денот. Тие може да ви создадат несоница, а содата од соковите може да ви направи проблеми и гасови во стомакот. Наместо тоа, пред спиење испијте една чаша млеко, чаша чај или вода. 

Извор: Fashion.hr

Објавено:
26 април 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.728 пати