Пет нови соработки на модни дизајнери со козметички куќи

25 септември 2014

Во продолжение ви посочуваме на неколу значајни соработки на модни дизајнери со козметички куќи:

Прабал Гурунг и MAC

„Мојата љубов кон модата и убавината се роди додека бев дете. Не ги знаев имињата на познатите дизајнери и козметички куќи, но бев воодушевен од нивните дела“ – изјави Прабал, кој во соработка со MAC креираше руменило, кармин, четка за апликација и сенки за очи, спакувани во златна амбалажа. Заштитно лице на колекцијата е Џулијана Шуриг.

Игор Чапурин и Кларенс

Оваа соработка се сведе на создавање колекција шминки спакувани во кожена опаковка, а во неа доминираат мат нијанси на сенки, два нијанси на кармини, четка за апликација и црн туш за очи. Едноставно и практично пакување.

Сели Хансон и Прабал Гурунг, Родарте и Трејси Рис

Брендот кој е познат по производството на лакови за нокти практикува често да остварува соработки со модни дизајнери, а трите нови модели се дело на Прабал Гурунг во морнарско сина нијанса, Родарте во златна нијанса и Трејси Рис со металик ефект.

Тиби и Џин Сон

Љубителите на маникирот се воодушевени од одличната соработка на американскиот дизајнер Тиби со Џин Сон, која резултира со лансирање на шест различни нијанси на лакови за нокти.

Џејсон Ву и Ланком

За потребите на Ланком, модниот дизајнер креираше колекција шминки и тоа три различни палети на сенки, маскара, кармини и лакови за нокти. „Големо внимание посветив на самата амбалажа на производите бидејќи не се сеќавам дека некој претходно ја има искористено сребрената нијанса за таа цел. Отсекогаш знаев дека можам да креирам и надвор од модната сцена, па ова за мене беше одлична можност за да се докажам на тоа поле„ – изјави Џејсон Ву,

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Убавина