Пет природни лекови против пролетните алергии

21 април 2016

Пролетта е дефинитивно најубавото годишно време, но истовремено предизвикува проблеми кај голем број луѓе поради алергиите. Истите често предизвикуваат кашлица, кивање, солзење на очите или проблеми со дишните патишта и затоа сето тоа треба да се стави под контрола за да можете да уживате во долгите прошетки. Од година во година од овој проблем страдаат сѐ поголем број луѓе, а причина може да биде генетиката, слабиот и чувствителен организам, вирусите, бактериите и што уште не. Покрај препишаните лекови, постојат и природни кои можат многу да ви помогнат при олеснувањето на овие проблеми.

Домашен мед

Пчелите го собираат нектарот од цвеќињата и потоа од него прават мед, со што тој со право е прогласен за еден од најздравите производи на светот. Оваа пролет, задолжително набавете си и консумирајте домашен мед со што ќе ги намалите алергиските реакции и ќе го зајакнете имунитетот.

Коприва

Копривата ја чисти и обновува крвта, содржи витамин К, каротен и бројни други витамини. Во борбата против алергиите најдобро е да ја консумирате во облик на чај.

Масло од црн ким

Еден од првите избори при интервенција против алергиите, дефинитивно мора да биде маслото од црн ким. Неговото дејство го олеснува дишењето  спречува развој на бактериски инфекции.

Прополис

Искуствата на луѓето кои се борат со пролетни алергии докажало дека прополисот е многу погоден во борбата со истите. Пожелно е да го консумирате еден месец пред почетокот на истите.

Мајчина душица

Чајот од мајчина душица ја лечи кашлицата предизвикана од алергиите и има смирувачко дејство на воспаленото грло. Одлична е и во комбинација со чај од коприва.

Објавено:
21 април 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.426 пати