Пиете минерална вода? Ова треба да го знаете!

17 јули 2019

Постојат луѓе кои не можат денот да си го замислат денот без минерална вода, а други пак не ја ни пијат воопшто. 

Некои сметаат дека е лековата, а други пак дека не може ни да ѝ се доближи на обичната кога се корисните влијанија во прашање.

Во продолжение прочитајте ги четирите најчести дилеми, и одговорите на истите:

Минералната вода предизвикува горушица

-Не е точно. Но, минералната вода може да влијае веќе постоечкиот проблем, па затоа е подобро во такви случаи да се избегнува, односно да се пие обична вода, посебно за време на оброци. Минералната вода не е добра за горушица, затоа што меурчињата од минералната вода го опуштаат долниот дел на хранопроводот, поради што на желудочната киселина ѝ е полесно да се врати во хранопроводот, што всушност и ја предизвикува горушицата. 

Минералната вода не хидрира како обичната 

Се смета дека јаглениот диоксид во минералната вода го спречува телото да ја апсорбира влагата од минералната вода, но неодамнешните истражувања покажале дека тоа не е вистина. Заклучокот од една студија бил дека минералната вода поеднакво добро ги окрепува вежбачите после интензивен тренинг, како и обичната вода. 

Со минерална вода не се слабее како со обична

Минералната вода може да предизвика привремена подуеност, но долгорочно, тоа може позитивно да влијае на вашето тело и фигура. Истражувањата покажале дека минералната вода дури е ѝ подобра доколку сакате да слабеете, бидејќи создава чувство на ситост, повеќе од обичната. Тоа чувство е уште поиздразено доколку минералната вода има вештачки засладувачи, кои можат да ја зголемат потребата за слатки.

Минералната вода е лоша за заби и коски

Кога ќе се спојат водата и јаглерод диоксид, се создва јаглеродна киселина, што може да ѝ наштети на забната глеѓ. Но, за тоа да се случи, би требало секој ден да пиете еднормно количество минерална вода (околу 6 листри).Од друга страна, истражувачката студија во која се испитувала поврзаноста на киселата вода и намалувањето на густината на коските кај женитие,, покажала дека сите минерални води имале зелено светло и имаат придобивки кога е овој проблем во прашање.

 

Објавено:
17 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
774 пати