Пилинг за лице од куркума за подмладување на кожата

13 април 2016

Веруваме дека веќе ги знаете предностите на лековитата куркума кога станува збор за здравјето, но таа е совршена и за нега на кожата и разни кожни болести.

Иако можеби куркумата ја употребувате како зачин во исхраната или пак како лековит чај за разни проблеми, денеска ќе ви презентираме еден супер пилинг од оваа магична билка за подмладување на кожата.

Воопшто не грижете се ако мислите дека нејзината интензивна жолта боја ќе остави дамки на вашето лице или пак ќе биде тешко да ја исчистите, бидејќи тоа не е случај со овој пилинг.

Пилингот е многу едноставен и лесен да се направи, а покрај куркумата, има и уште неколку други магични состојки.

Потребно ви е:

-2 лажици куркума во прав

-1/2 лажица цимет во прав

-1 лажица ванила во прав

-1 лажица кокосов шеќер

-2 лажици мед

-2 лажици кокосово масло

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во длабок сад и нанесете ги на влажно лице, а потоа нежно втријте ја смесата. Оставете неколку минути да постои на лицето, па потоа измијте го прво со млака, а потоа со ладна вода.

Состојките од овој пилинг имаат неверојатно дејство врз кожата, а тоа ќе го забележите одма. Ќе ви се подобри циркулацијата, ќе ви се врати свежината на лицето, а истото ќе изгледа и навистина помладо и посјајно.

Совршен рецепт и начин како да уживате во викендот што доаѓа!

Извор: journal.hr

Објавено:
13 април 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.767 пати