Победете го пролетниот замор

4 април 2018

Сите го сакаме убавото пролетно време, но со него понекогаш доаѓаат во пакет и паѓање на притисокот, изразен замор, малаксаност, главоболки, пад на имунитетот, губиток на апетит или немирен сон, бавни рефлекси, анксиозност, промени на расположението...

Ако се пронајдовте во некој од горе посочените симптоми, тогаш значи дека се соочувате со пролетен замор. 

Но, тоа не значи дека немате што да преземете да ја подобрите ситуацијата. 

-За почеток почнете повеќе да внесувате течности во организмот и да го намалите нивото на стрес околу вас. Дехидратацијата исто така предизвикува замор, главоболка и пад на енергијата.

-Престојувајте во простории во кои нема преголеми осцилации на температурата или влажност во воздухот.

-Физичка активност - практикувајте ја на дневно или неделно ниво. Доволно ќе биде за почеток да пешачите 30-тина минути дневно. Не заборавајте после физичката активност да посветите 10-тина минути на истегнување на мускулите,  бидејќи на тој начин ќе го намалите собирањето на млечната киселина и ќе се ослободите од стрес и напнатост. Во секој случај, не се форсирајте премногу.

-Јадете почесто но по малку. 

-Внесувајте што повеќе свежо овошје и зеленчук, со што ќе го зголемите внесот на витамин Ц, кој ќе ви помогне во борбата со пролетниот замор.

-Дишете длабоко. Одвојте макар по неколку минути во текот на денот за опуштање и дишење длабоко. Зголемете го присуството на кислород во организмот, кое ќе ви ја намали поспаноста. Љубителите на медитацијата тоа најдобро го знаат. А ако се размислувате со каква активност да почнете месецов, еве еден предлог.

-Здрави напитоци - свежо цедените сокови или смуди напитоците можат да помогнат во внесот на витамини и влакна и да ви ја подобрат севкупната психо-физичка сосотјба. Во продолжение еве предлог за напиток против пролетниот замор.

Потребни состојки:

4 листа блитва или спанаќ;1 рендан морков; 1 цеден портокал; 1 лажица мед; 2 лажички сок од лимон; пола лажичка куркума; неколку парченца цвекло, малку рендан ѓумбир (по желба); 200 мл. вода и неколку коцки мраз. Сето тоа ставете го во блендер или соковник и соединете.

-Проверете ја крвната слика. Препорачливо е еднаш до два пати годишно да ја проверите крвната слика и со тоа општата состојба на вашиот организам. 

 

Објавено:
4 април 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
715 пати