Poison Girl - заводлив пролетен мирис од „Диор“

8 март 2017

Корисниците и обожавателите на производите на „Диор“ веројатно веќе знаат за новиот предлог што доаѓа од познатата куќа. За вас што уште сте во потрага по идеалниот мирис во кој ќе ја обоите пролетта, „Диор“ го имаат вистинскиот производ.

Се работи за тоалетната вода Poison Girl, која е нова мирисна композиција на оптимистични ноти, базирана на контрасти на ледениот мирис на портокал и топлината на мирисот на букет цвеќе. Токму тој  ќе стане вашиот омилен сојузник во претстојната сезона.

Создавачот на парфеот за Dior Parfums Poison Girl е Франсоа Демаши.

-Poison Girl тоалетната вода е ефектна олфакторна композиција, која го извлекува најдоброто од своите состојки. Се работи за сугестивен состав на префинет шарм, но и остар. Топол и ладен во исто време – објаснува тој.

Камил Роуи е заштитното лице на новата кампања, а видеото снимено во дел од њујоршките ноќни клубови ја пренесува пораката, да бидете - Sexy, cool, Poison!

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
388 пати