Оваа сезона инспирацијата за машките фризури се бара во 1950-тите и 1960-тите. Тоа значи дека природниот изглед е во центарот на вниманието, а дел од трендовите од минатата година продолжуваат и оваа.

Модерни перчиња

Истакнатите перчиња или како што ние народски ги нарекуваме прамени, се апсолутен хит. Една од причините за тоа е што оваа фризура одговара на сите облици на лице и лесно може да се добива нови ликови и да се модернизира. Џастин Тимберлејк и Дејвид Бекам се едни од обожавателите на оваа фризура.

Оваа сезона, особено е актулено „прамените“ да се подолги и да се чешлаат наназад, а предниот дел да биде со малку волумен. За фризурата да ви остане „прибрана“ користете лак за коса.

 Fade  фризура

Ова е варијација на претходната фризура, со што косата странично е потстрижена. Така, волумен и коса имате во горниот, централен дел. Оваа сезона е популарно ниското fade,  односно не толку волуменозен преден дел, како што тоа го носат Адам Левин или Бред Пит. Ако се одлучите за ваква фризура, одберете добар бербер, бидејќи текстурата и преминот од страните до врвот треба да биде многу вешто средени.

Пунџи

Пунџата во стилот на Џаред Лето е сè уште популарна и оваа сезона. Не треба да вложите премногу напор, а ќе бидете во тренд и ќе изгледате секси. Оваа фризура е идеална и за оние што имаат права, но и за оние со кадрава коса, а и на жените им се допаѓа како овој тренд изгледа на мажите.

Објавено:
2 август 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.294 пати