Поради паѓањето на коса се чувствувам непривлечно и старо

29 март 2016

Првпат забележав дека ми паѓа косата благодарение на една фотографија од минатиот декември. Кожата околу патецот се гледаше неколку милиметри, што претходно не беше случај.

Две недели подоцна, го кренав горниот дел од косата, и не само што имав бели влакна, туку можев да забележам дека косата во сите делови е видливо потенка и проретчена.

Одбивав да го признам ова, но бев шокирана кога го видов тоа и почнав да плачам. Самиот факт дека губењето на густата долга коса што толку ја сакав може да ме засрами, и фактот дека нешто така тривијално може толку многу да ме вознемири, ме вознемири уште повеќе.

Од страна, можеби мојот губиток на коса ќе беше едвај забележлив, но за мене тоа беше страшно. И генерално кај жените. И често.

Две третини од жените страдаат од опаѓање на косата на иста возраст, но проблемот е сè уште табу, за што говори и фактот дека 46 проценти од жените ја сокриваат оваа појава од најблиските.

Тоа што почнав да ја губам косата на 37 години, направи да се чувствувам непривлечна, стара и очајна за решение. Затоа, веднаш почнав да пребарувам „лекови“ по Интернет, секоја вечер ставав рицинусово масло на скалпот, бидејќи прочитав дека го стимулира растењето и ги обезбедува потребните витамини што придонесуваат за совршена коса.

Ја скратив долгата коса, направив боб, за тенкото и проретчено влакно да биде што помалку забележливо и наместо секоја вечер нервозно да ја „испитувам“ мојата коса, за да видам дали се влошува ситуацијата, почнав да ги избегнувам силните светла во мојата бања, бидејќи рефлексијата ме вознемируваше премногу.

Антонија Хојл го споделува своето прво искуство со опаѓање на косата

Сопругот Крис мислеше дека претерувам и постојано потенцираше на тоа дека тој не забележува никаква разлика, но сепак ме поддржа во моментите кога плачев и бев депресивна. Можев да го прекријам опаѓањето на косата, со странично префрлување на косата, но сè уште ми е чудно да се појавам во јавност така или да им кажам на пријателите, бидејќи ме загрижуваше моментот дека тие или ќе ги оттргнат моите грижи или ќе ме направат да се расплачам поради нивното сожалување.

Престанав да се шминкам, бидејќи за мене немаше никаква поента да го подобрувам мојот изглед. Глен Лајонс, е директор на Трихолошката клиника во Лондон и 40 години од неговата кариера посветил на причините и ефектите од губењето на коса. Бев да се консултирам со него.

-Често гледам жени во солзи поради губењето на косата. Тоа влијае на нивната самодоверба, квалитет на живот, личност – вели тој.

Ми кажа дека со испитување на мојот скалп веднаш би можел да ми каже дека имам мало опаѓање на косата, иако јас направив и крвни анализи кои ги отфрлија недостатокот на железо и полицистични јајници како можни причинители.

Позната како андрогена алопеција е најчеста кај жените, погодува речиси третина од нив и тоа до 50-тата година. Тоа се случува кога телото станува пречувствително на машки хормони наречени андрогени, што го блокираат растот на косата. Како резултат на тоа фоликулите посетепено стануваат помали, произведувајќи пократки и потенки влакна, додека не престанат сосема да растат.

Ако некој од вашите родители ја изгубил косата на рана возраст, генетски сте предодредени за ист случај, а особено изразен станува после менопаузата, кога нивото на естроген се намалува, па две третини од жените се погодени.

Татко ми стана проќелав уште во неговите 30-ти, а мајка ми исто така патеше од губење но косата, но не очекував дека тоа и мене ќе ми се случи и не така рано – мајка ми беше во 50-тите кога ги забележа првите знаци на опаѓање на косата.

Но, и мојот фризер и Лајонс велат дека забележуваат сè поголем број млади жени како мене што имаат зголемено паѓање на косата и според нив (а и многумина други), стресот е виновник и тоа за 90 проценти од формите на губење коса.

Вишокот килограми може исто така да придонесе за оваа појава, бидејќи ја ограничува продукцијата на хормонот SHGB, кој помага за одржување на контролата на машките хормони, но не се исклучени ниту контрацептивните пилули.

-Многуте верзии на овие апчиња содржат машки хормони што сум видел дека го предизвикуваат губењето на коса дури и кај млади жени и 18-годишни девојки – вели Лајонс.

Недостатокот на железо е чест случај кај 20 проценти од жените на возраст од 19 до 34 години, што исто така придонесува за оваа неубава појава од која жените страдаат. Инаку, железото се поврзува со феритин – протеин што го помага создавањето на нови влакна, односно клетки. Мојата крвна анализа покажа дека железото ми е во нормални граници, но имам недостаток од витамин Д, што исто така може да го „поремети“ здравото растење на косата.

За жал, магичен лек не постои. Најдобро е да се консултирате со стручно лице, како што направив јас. Тие ми посочија неколку третмани, медицински шампони и микс на состојки. Секако, постојат и ласерски терапии што го стимулираат растот на косата, како и посебни суплементи.

А во мојот случај? Се трудам да се „исклучам“ навечер, бидејќи сум убедена дека стресот навистина е голем причинител. Исто така, земам суплементи богати со витамин Д, а во изминативе неколку недели ги ставам и капките што ми ги препиша Лајонс. Иако треба да поминат најмалку три месеци пред да забележам некоја разлика, јас сè уште секое утро си го проверувам скалпот и моите нереалистични очекувања преминуваат во разочарување.

Би сакала губењето на косата кај жените да е тема на која повеќе и отворено ќе се зборува, за да не мора да влијае толку ужасно врз нас. Во меѓувреме, сè што можам да направам е да чекам, да го подобрам квалитетот на мојот живот и да се надевам дека мојата коса ќе почне повторно да расте.

Објавено:
29 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
850 пати
Извор: 
Telegraph.co.uk