Правилата за младешки изглед на Џенифер Лопез

1 април 2019

Деновиве таа е актуелна со неверојатната фотографија што ја објави на нејзиниот Инстаграм профил на која можеме да ја видиме во розов костим за капење со совршено тело со кое ретко кој може да се пофали на 49 години.

Џенифер Лопез дефинитивно е една од најзгодните жени во светот, но истото го има постигнато со години вежбање, танцување, здрава исхрана и многу други правила за кои ќе каже дека максималн ги почитува.

Денеска таа изгледа подобро од кога и да е, а многу наскоро ќе можете да ја гледаме и во нејзиниот нов филм насловен како „Hustlers“ во кој ја толкува главната улога на стриптизерката Рамона.

Иако таа располага со сè што ќе посака за да може да изгледа толку совршено, но сепак, треба голема дисциплина за да се одржи во форма, а таа го има и тоа.

Во неодамнешното интервју за InStyle таа откри дека во нејзиниот живот почитува неколку правила од кои многу ретко отстапува, па најверојатно и затоа изгледа толку добро.

Она што ќе ве расположи е тоа што и вие можете да ги почитувате истите, бидејќи не се многу комплицирани, а сепак, во комбинација со уште неколку, ќе придонесат да изгледате како прекрасната актерка и пејачка.

Правило број еден:

Џенифер вели дека не постои некоја магична формула за добар изглед – таа во текот на целиот живот се грижи за нејзиното тело и здравје и затоа денеска изгледа вака. Сепак, таа ќе каже дека нејзиното прво правило е да заборавите на кофеинот. Нејзиниот извор на енергија го бара во други состојки или пак активности, како редовно вежбање, пилатес, возење велосипед и што уште не.

Правило број два:

Уште едно можеби тешко правило за некој – таа никогаш не консумира алкохол. Веќе знаете дека алкохолот лошо влијае на нашето целокупно здравје, но и на изгледот на нашата кожа. Целокупниот изглед на Џенифер, а посебно нејзината кожа зборуваат многу, нели?

Правило број три:

Веројатно си помисливте дека доброто и доволно спиење е и тоа како потребно за да изгледате добро, па затоа оваа дива ќе каже дека тука речиси и да не прави компромиси.

Инфо: Buro 24/7

Објавено:
1 април 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.515 пати