Пред да купите пудра, прочитајте го ова

10 март 2017

Потрагата по идеалната течна пудра за жените честопати не е воопшто лесна работа. Која нијанса да се одбере, која е идеалната текстура, која е идеалната подлога итн се само дел од прашањата.

Затоа, во продолжение следат неколку совети за како овој козметички предизвик да го решите најдобро:

 

Запознајте го својот тип кожа

Пред да тргнете по било кој козметички производ, вклучително и течната пудра, мора да знаете каков тип на кожа имате, бидејќи на производот ќе ја најдете токму таа информација – за кој тип е наменет.

Ако сте од оние што сè уште не знаат точно каква кожа имаат, тогаш прво размислете за сите зони на лицето – дали ви се суви, нормални или масни. На тој начин ќе препознаете што ѝ е потребно на кожата додека носите шминка – да биде хидрирана или да биде матирана. Во согласност со тоа ќе ја одберете пудрата. Пудрата за комбинирана кожа пак, подеднакво добро ќе ги држи под контрола и сувите и масните делови на лицето.

 

Како до совршената нијанса?

Тоа е веројатно и најкомплицираниот дел од процесот, особено што палетата на нијанси денес сè повеќе се зголемува. Првин одредете го тонот, односно подтонот на кожата, а тоа ќе го откриете ако ја погледнете внатрешната страна на дланката. Топлите подтонови ќе се покажат како жолти, златни или во боја на праска на внатрешната страна на дланката, а студените како розова.

Ако кожата ви е жолтеникава, тогаш барајте исти такви пудри, а ако е повеќе розеникава, тогаш пудри со таков тон. После тоа, треба да ја утврдите точната нијанса. Мејк ап стручњаците велат дека е пожелно саканата нијанса на пудер да ја тестирате на тој начин што мало количество ќе нанесте во делот на вилицата и ќе го размачкате по вратот, за да препознаете која нијанса најдобро ви одговара.

 

Внимавајте на составот

Сè што ставаме на лицето, го впива нашата кожа. Најчесто не сме ни упатени доволно што ставаме, па при следното купување на пудрата, свртете и од страната на составот. Обидете се да ја пронајдете најприродната формула меѓу пудрите. А дека сте на добар пат ќе знаете така што ќе најдете некоја што има најмалку минерални состојки. Исто така, не заборавајте да одберете и таква со заштитен фактор и тоа не само во летниот период. Одберете пудра што има барем заштитен фактор 15.

 

Нега на кожа пред нанесување подлога

Честопати се поставува прашањето, дали треба да ставиме крема за лице, пред да ставиме пудра. Стручњаците велат дека хидрантната крма или серум убаво ќе ја подготват кожата за нанесување шминка. Но, козметиката за нега да се нанесе минимум 20 минути пред пудрата. Кожата мора убаво да ја впие кремата, инаку ефектот што ќе го добиете е кожа што свети, а тоа не е саканиот резултат.

 

Прсти или сунѓер?

Уште една дилема е дали пудрата да ја нанесуваме со прсти или со сунѓерче. Ако употребувате сунѓерче ќе добиете попрофесионален резултат, но со прсти нанесувањето ќе се одвива многу побрзо. Сепак, внимавајте на тоа рацете да ви бидат сосема чисти.  И уште нешто многу важно - не ставајте преголемо количество. Помалку е повеќе важи и за пудрата. Многу мал број од зоните на лицето бараат силно покривање. Тоа се најчесто делот под очите, околу носот и каде што имате акни. Токму и на тие делови првин нанесете пудра, а потоа рамномерно распределете ја на останатите делови од лицето.

Објавено:
10 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
7.246 пати