Придружи се на #LushNaked револуцијата

19 февруари 2019

Веќе знаеме дека нашата кожа постојано се менува, особено во зависност од сезоната. Постојат многу фактори кои влијаат таа да се менува на дневно или неделно ниво. Затоа ние секогаш ги прашуваме нашите клиенти, како ја чувствуваат својата кожата во одредениот период и поставуваме повеќе прашања за да можеме да донесеме правилна одлука за производи кои би им биле идеална комбинација. Затоа Lush е секогаш чекор напред, кога се работи за нега на кожата на лицето, која што е особено важна за секого.

Гола револуција на чистачи и масла за лице.
Без разлика на тоа кој е вашиот проблем со кожата, ние го имаме вистинското решение. Сега во иновативно пакување – без пакување.

Чистачи за чице.

Sleepy Face чистач на лице
Кога вашата кожа е иритирана и не сака дополнителна ексфолијација Sleepy Face е најсмирувачкиот чистач за лице. Сонлива плочка со природни масла и путери кои ќе ја смират кожата и умот. Мешавина од органски фер тргуван какао путер, балансирачко масло од јојоба, нежно бадемово масло, смирувачка лаванда и овесно млеко, ќе и дадат се што и е потребно на кожата за добро чистење и ќе ја спремат за сон. Само неколку кружни движења со оваа плочка се доволни.

Jade Roller чистач на лице
Во својата основа содржи апсорбирачко масло од афричкото дрво марула, прочистувачко масло кое ги чисти порите а кожата ја прави еластична, масло од лешник кое ги затегнува порите и стимулирачко масло од пеперминт, за да овој чистач биде неодолив. Најгоре на производот има Мунг грав кој што служи за масажа. Одкако ќе го нанесете овој чистач со кружни движења, неколку секунди измасирајте ја кожата а потоа со влажна крпа поминете, за да водата ги активира сите тонирачки својства на овој производ, кој што ги даваат оцетот од камилица и ружината вода.
Чистач, масажер и тоник спакуван во еден производ.

Tea Totaler чистач на лице
Одржувајте ја вашата кожа чиста, смирена и балансирана со оваа мешавина од вредни масла. Маслото од чајно дрво делува антибактериски и антисептички, маслото од рузмарин допринесува за убава релаксација на кожата, рициновото масло и го враќа природниот баланс на важата кожа. Нежно масирајте а потоа одстранете со влажна крпа, додека маслата остануваат на кожата и си ја вршат својата функција.

Like A Virgin чистач на лице
Вратете се на корените. Едноставен, вегански, ладен крем за чистење на лице. Ова е модерна верзија на традиционалниот чистач на лице во чија основа е ладно цедено кокосово масло, масло од јојоба, измешани со канделила восок и восок од сончоглед поради прочистувачките и хидрирачките ефекти. Накрај додадовме и масло од лимон кое што се користи на Медитеранот за чистење, тонирање и разведрување. Може да се користи и за одстранување на шминка. Кога ќе ви ја даде целата љубов, ќе имате чувство како прв пат да си го допирате мекото лице.

Gritty Politty балзам и пилинг за чистење лице
Полирачка и хидратирачка мешавина на мелена кокосова лушпа, кокосово масло и кокум путер. На кожата прави мека кремаста структура која што се претвара во смирувачко и прочистувачко масло, кое ги чисти порите а кожата ја прави еластична. Како бонус за крај е антибактериското ружино дрво и смирувачката сандаловина.

Масла за лице

Amazonian Primer масло за лице
Дирекно од тропските шуми на Амазон. Омекнувачкиот купауку путер и хидратантниот муру муру путер помешани со масло од андироба се одлична комбинација за смирена и исхидрирана кожа. Пудрата од "arrowroot" ја матира и ја измазнува кожата, со што го прави овој производ да биде и совршена подлога за шминка. Лимоновата трева ја тонира а перуанската билка "electric daisies" ја затегнува кожата.

Argan масло за лице
Вашата потрага по одлично изнегувана кожа завршува овде. Омекнете ја кожата со органски фер тргуван какао и шеа путер. Богатото масло од Арган ја хидрира и ја подмладува кожата, додека маслото од лимон ја освежува и го враќа нејзиниот природен сјај. Маслото од бодликава круша (круша која што расте на кактус) е пребогато со витамин Е и помага во изедначување на тенот а во исто време длабински ја хидрира и ја смирува кожата.

Banana масло за лице
Идеално масло за жедна кожа која има потреба од хидратација и свежина. Богата комбинација со путер од банани, муру муру путер, плус малку брашно од типиока за мазно и свилено чувство. Мирисот на слатката банана е зајакнат со слатката ванила и удобната тонка, така што добиваме разубавување на умот и кожата во еден миг.

Light Touch масло за лице
Оваа цврста плочка нуди убав балансиран тен, полна со состојќи кој даваат баланс и минерали. Во нејзиниот состав се наоѓаат: сина спирулина која што е богата со антиоксиданти, луксузно масло од јојоба, сина камилица, абсолут од лаванда. Најлесен начин до свежа , тонирана и нахранета кожа.

 

Објавено:
19 февруари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
426 пати
Тагови: 
Lush