Природна маска за коса која го штити секое влакно од косата од сонцето

24 јуни 2019

Сите го сакаме сонцето, морето и плажата. Но, вистината е дека овој спој е непријател за женската коса.

Но, со соодветна нега можете навремено да го спречите проблемот со оштетување на косата.

Ние во продолжение имаме предлог за природна маска која може да помогне и која го штити секое влакно од косата.

Потребно ви е: 1 жолчка, 2 лажици маслиново масло, 1 лажица лимонов сок.

Сите состојки помешајте ги со миксер или апарат за смуди. Ако сакате маската да е потечна за полесно да ја нанесете на косата, додадете ѝ само една лажица вода.

Маската нанесете ја на сува коса, која ѝ не мора да е чиста, оставете ја 30 минути добро да ја впие влакното, па потоа отстранете ја со млака вода. 

После овој третман, косата измијте ја со шампон. 

Важно е исто редовно да ја хидрирате косата. На пример, ако имате во план косата денеска да ја миете, два часа пред да го сторите тоа, на косата нанесете маслиново или кокосово масло, од темето до врвовите и оставете некое време.

Исто така, внимавајте и при користењето на шампоните. Поголемиот број содржат алкохол во големи количества, што исто така ја оштетува косата. Затоа во текот на летниот период препорачливо е да ја миете косата со шампон за сува и оштетена коса, без оглед каква е состојбата на вашата коса моментално.

Објавено:
24 јуни 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.482 пати