Природна маска за коса од само три состојки!

6 јуни 2017

Во текот на летната сезона, кога најмногу сакаме да уживаме на плажа и на сонце, мора да бидеме подготвени и за негата што е неопходна за нашата кожа и коса.

Сончевите зраци и солта може многу да ја оштетат нашата коса, ако правилно не ја негуваме и заштитиме пред време.

Она што е задолжително е на косата да и ги овозможите потребните витамини и протеини кои ќе ја заштитат и ќе ја направат здрава и цврста.

За да го вратите сјајот што вашата коса ќе го изгуби во текот на летото, потребна ви е само една, едноставна маска која се прави од само три состојки и на многу едноставен начин.

Потребно:

Две големи лажици кокосово масло

Две големи лажици маслиново масло

Една голема лажица мед

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еден длабок сад и нанесете ја смесата на косата. Оставете да стои околу 30 минути и исчешлајте ја со чешел за добро да се распореди. По 30 минути, добро измијте ја косата со шампон и регенератор кои вообичаено ги користите и уживајте во придобивките од маската.

Објавено:
6 јуни 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
976 пати