Производи што подмолно ја уништуваат белината на забите

11 февруари 2014

Сите знаеме дека кафето е лошо за белината на забите, но дали знаевте дека цвеклото, киселите краставички и зрнестото овошје имаат ист ефект врз белината на забите? Прочитајте кој вид храна може да ја промени вашата насмевка. А за таа да биде „како од реклама“ потребно е да обрнете внимание на тоа што јадете, но не по цена да ја избегнувате таа храна, туку веднаш по консумирањето да ги измиете забите.

Зрнесто овошје

Без оглед на тоа колку е вкусно, бојата од ваквото овошје многу брзо навлегува во забите. Веднаш откако ќе го изедете, измијте ги забите и добро исплакнете ја усната шуплина.

Цвекло

Сигурно веќе ви е јасно дека цвеклото ослободува силна црвена боја што тешко се отстранува. Ако едвај ја измивате од рацете, тогаш претпоставете што се случува со забите.

Крекери

Кој би помислил дека крекерите ги бојат забите? Но, ако се земе во предвид дека се направени од рафинирани јаглени хидрати и дека се полни со шеќер, тогаш е јасно зошто создаваат бактерии што ги уништуваат забите.

Кисели краставички

Тие се лоши за забите поради киселината што ја содржат во себе. Тоа е вистината, ако обожавате туршија, можеби треба да размислите малку да намалите со нејзина употреба.

Сос од домати

Има речиси идентични својства како и цвеклото. Доколку често јадете сос од домати, реагирајте брзо со четката и пастата за заби.

 

Објавено:
11 февруари 2014
Категорија: 
Убавина