Прва Anti-aging козметика со заштита од зрачење од eкраните – иновација на францускиот бренд „Uriage“

10 септември 2019

Како и сите органи во телото, кожата е подложна на промени во текот на времето.

Иако промените се природен процес, промените на кожата многу зависат од тоа колку се грижиме за неа во текот на животот.

Кожата е орган кој постојано се обновува, а нејзините клетки се обновуваат секој ден. Во нормални услови, кожата се обновува на секои 28 дена, максимум до 56 дена. Како што старее, така обновувањето на клетките се успорува. Најстарите клетки тогаш се акумулираат и даваат ефект на сува и нееднаква структура и затегнатост, при што сувата кожа е првиот симптом кој се јавува при стареење на кожата. Ако сувоста на кожата не се корегира, брчките полесно ќе се формираат, особено кога кожата има тенденција да се истенчи. Во исто време настануваат и промени во дермисот. Волуменот и изгледот на лицето се менува како што брчките се продлабочуваат.

Стареењето од една страна е детерминирано од генетски програмираниот биолошки часовник, а од друга страна од отпорноста на клетките на оксидативниот стрес од токсичните супстанции наречени слободни радикали.

Влијание на надоворешните фактори врз процесот на стареење на кожата. Надворешните фактори во голема мера влијаат на виталноста на кожата. 80% од причините кои предизвикуваат стареење на кожата се резултат на надворешните фактори.

Најчести надоворешни фактори кои предизвикуваат создавање на слободни радикали и придонесуваат во стареење на кожата се: УВ зрачење,  загадување, стрес, умор, цигари...

Но има уште еден вид на влијание на кое сме секојдневно изложени, а тоa е сината светлина (Blue light) од ЛЕД екраните на мобилните телефони, ТВ, монитори, таблети. Сината светлина е нов агресивен надворешен фактор. Таа предизвикува оксидативен стрес во клетките што резултира со стареење на кожата. Голема концентрација се зрачи од LED екраните (монитори и телефони) и е штетна за здравјето. Поминуваме барем 6 часа дневно пред монитор...односно 3 месеци годишно.

Прва Аnti-aging козметика со заштита од зрачење од СИНА СВЕТЛИНА од LED екрани е новата линија на медицинската козметика Uriage - Age protect. Линијата содржи крем за сува кожа, крем за нормална до комбинирана кожа, серум , крем за околку очи, ноќен детокс крем, ноќен пилинг. 

Механизмот на дејство се состои во заштита од надворешни влијанија и корекција на знаците на стареење.

1. Заштита од плава светлина (BLB patent) на начин што ги штити фибробластите и кератиниоцитите од оксидативен стрес преку заштита на кожата од сината светлина и заштита од загадување (Filmexel) преку создавање на филм на кожата која штити од надворешни влијанија при што дава ефект на втора кожа со анти-адхезионен ефект.

2. Ретинолот, хијалуронската киселина и Dragon's blood превенираат настанување на нови брчки и ги пополнува постоечките (преку влијание на колагенот, еластинот, фибробластите и кератиноцитите).

3. Витамините C и E се моќни антиоксиданси, превенираат настанување на флеки и пеги, ги корегираат постоечките и го подобруваат сјајот на кожата.

4. Uriage термална вода ги неутрализира слободните радикали.

 

URIAGE INSTANT MULTI – CORRECTION FILLER CARE

Со задоволство сакаме да Ви го претставиме новиот производ на Uriage Age Protect Instant Multi- Correcion Филер.

Овој производ содржи ефикасни состојки кои се користат во естетската медицина. Кремот ја подобрува структурата на кожата, ги намалува порите и е одлична база за make-up. Видливо ги намалува и ги корегира знаците на стареење. За сите типови на кожа.

Состав:
-Cross-linked hyaluronic acid, HMW-делува на површината на кожата, директно на брчките и браздите на лицето, интензивно ја хидратизира и ја измазнува површината на кожата. Rosehip extract, делува адстрингентно и ги намалува поритe.

-Retinol, VLMW Hyaluronic acid, Dragon's blood, Vitamins C and E, делуваат истовремено на измазнување на брчките, тонусот на кожата и на хомогеноста на тенот.

-BLB Uriage patent - заштита на кожата од оксидативен стрес предизвикан од сината светлина и FILMEXEL формира заштитен филм и дава ефект на "втора кожа"

*Комерцијален текст

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
786 пати