Решете ги акните со неколку трикови на природна база

23 април 2014

Нежното лице и блескавиот тен се императив за убавина, па доколку имате проблеми со кожата, еве неколку домашни рецепти што ќе ве спасат од нив. Досега многупати се покажало дека рецептите на природна база имаат многу подобар ефект на убавината, негата на лицето и телото. Во продолжение ви нудиме неколку трикови што ќе ви помогнат да се решите и да ја ублажите појавата на акните.

 

Сода бикарбона

Го чисти лицето од бактерии и ги отстранува мртвите клетки. Измијте го лицето, а потоа на дланката направете паста од сода бикарбона и вода. Нежно масирајте на лицето и на крајот измијте со ладна вода.

 

Масло од јојоба

Делува смирувачки и ги намалува иритациите. Помешајте пет капки од етеричното масло од јојоба со неколку капки маслиново, а потоа нежно измасирајте и намесете поголем слој на проблематичните места. Оставите да делува најмалку 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

 

Алое вера

Силно делува на разранетите и иритирани подрачја. Гелот од алое нанесете го директно на акните или на целото лице и оставете потполно да се впие во кожата.

Мед

Има антибактериски својства и ја хидратира кожата. Медот втријте го на лицето и нека отстои 30 минути. Исплакнете исто така со млака вода.

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Убавина