Ретка фотографија: Џенифер Лопез без шминка

11 декември 2019

Џенифер Лопез неодамна доби признание од Здружението на филмски критичари од Лос Анџелес, за најдобра актерка за улогата на Рамона во филмот „Hustlers".

Својата благодарност ја упати преку социјалните мрежи, со заедничка фотографија со нејзините деца.

 

Но, она за што многу повеќе се зборува од наградата е тоа што актерката која секогаш изгледа беспрекорно и често е инспирација за многу жени, на фотографијата е без шминка.

Таа летово наполни 50 години, а на изгледот можат да ѝ позавидат многу помлади жени.

Инаку, во една пригода изјави дека нејзната баба и мајка имале одлична кожа, така што за тоа што изгледа многу помладо одошто е, може да им се заблагодари на гените, како и на негата, потенцирајќи дека се труди кожата секогаш да ја одржи чиста. Симнувањето шминка е задолжително и темелно, како и миењето на лицето после тренингот.

„Кога не работам, не носам многу шминка и секогаш имам заштитен фактор бидејќи длабоко верувам дека тие ја штитат кожата“, изјави Џеј Ло.

Објавено:
11 декември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.479 пати