Родители, еве како да го заштитите вашето бебе од сонце!

15 јуни 2017

Веројатно како родители знаете дека кожата на вашите најмили е неверојатно нежна и особено осетлива на штетните сончеви зраци и најголемите оштетувања настануваат токму во раното детство.

Во пресрет на летните одмори, дознајте како најдобро можете да го заштитите вашето бебе и да ги избегнете сите грешки кои ги прават младите родители од кои подоцна може да има последици.

Нанесете крема со заштитен фактор веднаш штом ќе излезете на сонце

Голем дел од луѓето не знаат дека на кожата и е потребно време добро да ја впие кремата за сончање, па дури потоа да се изложите на сонце. Намачкајте го вашето детенце уште пред да излезете од дома за целосно и на правилен начин да ја заштитите неговата нежна кожа. Никако не заборавајте дека се потребни барем 30 – тина минути за кремата добро да делува. Нанесувајте крема на секои два часа за да бидете сигурни дека кожата на бебенцето е целосно заштитена.

Кремата со заштитен фактор 50 не е идеално решение

Поголемиот број родители сметаат дека кремата со најголем заштитен фактор е најправилно решение за нивните дечиња, но тоа не е така. Вистината е дека кремите со заштитен фактор 50 имаат многу повеќе хемикалии и штетни состојки за младата и нежна кожа. Факторот всушност говори колку е кремата ефектна и колку долго може да не штити од штетните зраци. Ако кожата почне да црвенее по 10 минути, кремата со заштитен фактор 25 го зголемува тоа време за 25 пати. Не заборавајте дека треба детето да го намачкате по целото тело, па така и на главата, ушите, вратот и рацете, бидејќи овие делови се особено чувствителни.

Кремата не е доволна

Без разлика на тоа каква крема ќе купите и колку е таа квалитетна, кога се малите дечиња во прашање, тоа не е доволно. Заштитете го своето дете и со шапка, со потребната облека, очила за сонце и секако, чадор за сонце. Задолжително, вашето дете секогаш нека си игра под чадорот за сонце, намачкано со водоотпорна крема за сончање, по можност со фактор 30. 

Објавено:
15 јуни 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
669 пати
Извор: 
wannabemagazine.com