Роџа Дaв – човекот број еден во светот на парфемите

4 јули 2017

Неодамна во Лондон се одржаа т.н. „Оскари“ во светот на парфемите, односно годишните Fragrance Foundation Awards 2017, кои се одржаа по 25-ти пат, а познатиот парфемиер Роџа (Роџер) Дав го зема сето внимание.

На настанот присуствуваа повеќе од 550 гости, вклучувајќи познати личности од шоу-бизнисот, модниот свет, лидери во индустријата, како и медиуми.

фото извор: toptwitter.com/uk

На Роџа му беше доделена наградата за Животни достигнувања. Инаку тој е дел и од т.н. Круг на шампиони (Circle of Champions). Тоа е „креација“ на Fragnance Foundation, со цел да им се посвети внимание на индивидуалците што значајно придонеле во индустријата на парфемите.

фото извор: Getty

фото извор: Твитер

Освен наградата за Животни достигнување, Дав ја прими и наградата за Исклучително квалитетен парфем (Perfume Extraordinaire) за парфемот „Britannia“.

Ова веројатно е и најважната награда што некој може да ја добие, бидејќи одлуката се базира исклучиво врз основа на мирисот.

фото извор: Твитер

Номинираните парфеми се оценуваат од група судии, кои ја донесуваат својата одлука така што со затворени очи го оценуваат секој од мирисите, па така оваа награда никогаш не може да биде „наместена“ или неоснована, бидејќи секогаш во преден план се ставаат квалитетот и креативноста застапени во мирисот.

фото извор: dailymail.co.uk

Роџер својата кариера ја започнува во 1981 година во прочуената куќа „Герлан“, каде работи 20 години, по што отвора своја компанија насловена „Roja Parfums“.

фото извор: photobucket.com

Инаку, Дав е еден од прочуените луѓе во својата област и мошне почитуван и ценет нос, а има способност, секако со затворени очи, да идентификува дури 800 мириси.

Неговиот интерес за парфемите датира уште од детството. Неговата мајка секогаш му посакувала добра ноќ бакнувајќи го. Исто така, секогаш користела убави мириси, кои се задржувале во собата уште долго, но и во неговата глава. Уште на рана возраст имал способност да препознае кои состојки се наоѓаат во прафемите, а уште повеќе да замисли своја мешавина и жената што би го користела тој мирис.

фото извор: toptwitter.com/uk

Тој интерес го држи и во тинејџерските денови, кога сè повеќе истражува на темата. Кога треба да премине на следната образовна станица во животот, одлучува да се запише на универзитетот „Кембриџ“ и да студира медицина. 

За 21-от роденден оди да го посети т.н. „Бутикот на Герлан“ на Елисејските полиња, по што се откажува од факултетот и ја започнува својата кариера како парфемиер.

фото извор: dailymail.co.uk

Со оглед на големиот ентузијазам и желба што ги поседувал, Рберт Герлан ќе му понуди место во компанијата. Таму ќе започне да работи и да се образува и да ја разбира оваа специфична индустрија, каде денес го нарекуваат и „Професор за парфеми“. Работејќи 20 години за оваа компанија одликуван е и за Глобален амбасадор, а успехот го продолжува и со самостојната компанија, што овие награди само го потврдуваат.

 

*спонзорирана објава

IT Cosmetics

Објавено:
4 јули 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
201 пати