Рок на траење на шминката- што да фрлите а што да задржите?

28 февруари 2014

Козметичките производи многу лесно се расипуваат, затоа треба навреме да се ослободите од нив за да ги избегнете сите можни иритации и инфекции на кожата. Промените во текстурата, мирисот и бојата, се првите основни знаци дека кремата, ружот или сенката веќе не се за употреба.

Течна пудра

Просечниот век на траење на течната пудра е од шест месеци до една година. Важно е само да не ја чепкате со прстите директно од тубата, зашто можните бактерии од рацете остануваат на амбалажата, затоа истиснете ја директно на четка или апликатор за пудра. Ако се промени текстурата на пудрата никако не употребувајте ја понатаму.

Парфем

Парфемот е најдолготрајниот козметички препарат. Важно е само да го чувате подалеку од сончева светлина, а некои произведувачи препорачуваат да го чувате во фрижидер.

Кармин

Карминот има трајност до една година. Време е да ја исчистите козметичката торбичка ако вашите кармини го промениле мирисот, бојата, станале лепливи или ви ја сушат устата. Векот на траење на карминот ќе го продолжите ако го чувате на ладно и суво место.

Молив за очи

Моливот за очи има ист рок на траење како и карминот. Моливите траат подолго зашто најчесто се острат со острилка, а најдобро е да ги чувате подалеку од бањата бидејќи пареата која кондензира може да ги уништи.

Маскара

Маскарата трае до три месеци, а не е лошо да ја промените со нова и порано. Непријатниот мирис и споените трепки се знаци дека маскарата не е за употреба.

Туш

Ако моливот за очи може да трае до година, тушот трае до четири месеци. Негови најголеми непријатели се бактериите и пареата кои можат да го уништат, затоа и овој козметички препарат треба да го чувате подалеку од бањата.

Руж и камена пудра

Руменилото и пудрата во тврда форма траат до две години. Важно е само да ги чувате на суво место и редовно да ги чистите со четка, зашто токму во нив живеат најмногу бактерии.

Кремасто руменило

За разлика од руменилото во прав, кремастото руменило има пократок рок на траење, а во просек тоа изнесува од 12 до 18 месеци. Препорачливо е да купите ново кога ќе се промени текстурата.

Сенка за очи

Сенката може да трае исто колку и руменило, скоро две години, но со оглед на тоа дека се нанесува на капаците од очите се препорачува да ја заменувате на секои шест месеци.

Лак за нокти

Лакот за нокти има рок на треање до две години. Треба да ги чувате на суво и ладно место и што подалеку од топлина и сонце кои ќе ја забрзаат промената на структурата и бојата на лакот кој затоа многу често брзо избледува и паѓа од ноктите.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Убавина