Сè што ни треба за летна фризура е сатенска лента

8 јуни 2018

Понекогаш само еден детаљ е сосема доволен за да го промени целиот изглед. Истото се однесува и кога се во прашање фризурите.

Особено во лето, сите даваме приоритет на практичните и лесни фрзури кои ќе ни го олеснат секојдневието.


Затоа, наш предлог е да ги имате во предвид фризурите со сатенски ленти. Истовремено сатенските ленти се интересен украс што ќе го надополни визуелниот печат на вашиот изглед, а од друга страна, брзо, лесно и ефективно имате летна фризура.

Ако имате подолга коса, тогаш сатенската лента може да ја вплтете во плетенка, а секогаш стои отворена опцијата да ја фатите косата во репче или ноншалантна пунџа, и да ги врзете со сатенска лента.

Ви посочуваме неколку опции во прилог...

 

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.107 пати