Се за маслиновото масло, негата и летото

25 јуни 2013

Овој чудесен природен производ хидратизира и ја храни кожата и косата. Имајќи предвид дека е природно богат со антиоксиданси и витамин Е, ја олеснува елиминацијата на токсини од организмот. Маслиновото масло очувувањето на еластичноста на кожата, таа е мазна и сјајна. Ја негува и косата давајќи ѝ здрав сјај. Маслиновото масло е делотворен налин да се спречат раните знаци на стареење и разни кожни проблеми.

Сува кожа

Маслиновото масло многу добро дејствува веднаш преку сувата кожа, како што се петите или лактите. Со едноставна масажа со мало количество маслиново масло поминете ги сувите места на кожата и веднаш ќе ја забележите разликата.

Раце и нокти

Подгответе природен пилинг од шеќер и маслиново масло за сува, груба кожа на рацете. Тоа е брз и едноставен начин на кожата да ѝ овозможите длабока хидратација.  Измешајте две лажици масло со две лажици кафеав шеќер. Нанесете ја мешавината на раце и втријте додека шеќерот не се стопи целосно. Потоа, измијте ги рацете со топла вода и веднаш ќе забележите разлика. Уште еден природен лек за сува кожа и нокти се добива со неколку капки свеж лимонов сок и малку топло маслиново масло. Намачкајте ги рацете околу 5-10 минути.

olive-oil

Лице

За да постигнете прекрасна, мазна кожа и блистав тен, направете маска од маслиново масло, жолчка и мед. Мешајте ги состојките додека не добиете компактна смеса. Нанесете ја маската на лице и опуштете се 10 до 15 минути, оставајќи ги состојките да делуваат. Измијте со топла вода и уживајте во мека кожа.

Коса

Маслиновото масло е чудесен третман за коса. Загрејте малку маслиново масло и добро втријте во кожата на главата. Завиткајте ја косата  под капа за туширање и оставете да делува 20-30 минути. Измијте ја косата со шампон. Користете го овој рецепт секогаш кога е потребно.

Освен маслиновото, постојат и други масла што се не помалку добри во негата на кожата.

Масло од семки од грозје – како нуспродукт од производството на вино, ова масло има исто дејство како и комерцијалните креми. Многу од козметичките стручњаци сметаат дека ова масло е едно од најдобрите за вашата кожа, особено за тенките делови околу очите и вратот. Освен тоа, богато е со витамин Ц, кој го освежува тенот.

Масло од сончоглед – еднакво добро како и маслиновото, но поевтино. Освен што има добри хидратирачки средства, одлично е за масажа, затоа што не е прегусто. Од таа причина и кожата подобро го апсорбира.

Како се нанесува масло на кожа?

Кога користите некое од горенаведените масла за тело, доволно е да нанесете неколку капки. Ако кожата не го апсорбира за неколку минути, значи дека сте ставиле повеќе од потребното. Купувајте што помалку рафинирани масла, затоа што тие содржат што повеќе витамини и здрави маснотии. Маслата кои ги користите за кожа исто така треба да се чуваат во непроѕирни боци, на темно и ладно место.

Екстра совети:

Прекрасна нијанса на кожата за 10 минути

Маслиновото масло нема да ве заштити од сонцето, бидејќи не го спречува навлегувањето на УВ зраците во кожата. Ако се намачката пред да се сончате, постои можност да изгорите. Но, ако навистина сакате да се сончате намачкани со маслиново масло, најдобар резултат ќе постигнете најдобар резултат ако го нанесете на кожата во време кога сонцето не е силно, на пример рано наутро или пред да се стемни и да се сончате многу кусо, само 10-тина минути, затоа што е тоа сосема доволно. Кожата ќе ви потемни полека, но ќе имате прекрасна нијанса на тенот.

 

-Заблуда е дека на мaсната кожа не смеете да ја третирате со масла. Таа често е изложена на агресивни производи кои ја сушат, па токму затоа е и добро навечер да нанесете по некоја капка масло.

-Не ставајте етерични масла на кожата. Базните масла ја негуваат и хранат кожата. За разлика од нив, етеричните не се ставаат на кожа, затоа што се многу концентрирани.

-За сушењето на кожата грижете се и во зима и во лето. Најдобри резултати дава негата со чисто цедени масла.

olive-oil

Рецепт: Направете си масло за сончање

Во стаклено шише со поширок отвор или малку поголема тегла, ставете неколку изрендани моркови, неколку исечкани зелени ореви, неколку цвета од лаванда, а може да се додаде и жалфија. Напочнете го шишето со околу 60-70 проценти со таа содржина, а потоа до врв наполнете го со маслиново масло. Мешавината да се остави на сонце 20-25 дена, со секојдневно мешање и протресување на шишето, а на крај процедете го маслото низ неколку слоја газа.

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Убавина