Седум иконски фризури за кои не постои временска рамка

21 јануари 2014

 

Експертите велат дека најголемото богатство на една жена е нејзината коса. И додека трендовите постојано се менуваат, а дизајнерите неуморно работат и креираат има нешто во рамките на модната индустрија кое вешто им пркоси на временските закони. Станува збор за фризурите. Во согласност со советите и изборот на светските експерти и стилисти се изготви листа на седум фризури кои никако не излегуваат од мода.

 

Твиги Твиги

 

Почнуваме со фамозната пикси фризура на Твиги чиј заштитен белег и се ретро вибрациите. Продолжуваме со брановидниот изглед на Вероника Лејк во ’40-тите години кој беше голема револуција. Оваа фризура особено последнава година беше избор за на црвен килим на голем број светски ѕвезди.

 

Вероника Лејк Вероника Лејк

 

Одри Хепберн коњското опавче врзано долу кај вратот направи да прерасне во статус симбол на стилот кај голем број жени во светот. Спој на елеганција, едноставност и префинетост, оваа фризура и ден денес е мошне популарна. Брижит Бардо, пак, со додавање на масивни панделки на врвот на главата им го исполни сонот на сите жени кои цел живот сакаа да бидат принцези.

 

Одри Хепберн Одри Хепберн

 

Слатката панделка во вид на круна секако дека подоцна доби неколку измени но она што е важно е дека се уште  важи за еден од најпосакуваните додатоци за коса. Благодарение на Џејн Биркин и шишките си добија свое поглавје во модната историја на фризурите. Одличен начин доколку не сакате да експериментирате многу со вашата коса, а сепак сте решени да го освежите вашиот изглед.

 

Брижит Бардо Брижит Бардо

 

Ж изел Бундшен и покрај тоа што важи за една од најскапо платените манекенки, препознатлива е по својот разбушавен изглед. Таа скоро секогаш го негува „несредениот“ изглед на нејзината фризура која го нагласува нејзиниот природен изглед, а природното никогаш не излегува од мода.

 

Џејн Биркин Џејн Биркин

 

И за крај, пунџата од кадрици на актерката Сара Џесика Паркер. Во филмот „Сексот и градот“, каде Џесика ја толкува улогата на главната протагонистка можевме да видиме една плејада на фризури, но сепак несредената пунџа се издвои од толпата како една од најпосакуваните.

 

Жизел Бундшен Жизел Бундшен

 

Понекогаш едноставното е најубаво, малите промени се најзабележителни, а природниот изглед главен адут кој на вистински начин ќе ја потенцира вашата убавина. Одберете која од овие фризури е вашата омилена.

 

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Објавено:
21 јануари 2014
Категорија: 
Убавина