Седум намирници за сјајна кожа и во лето

5 јуни 2018

Летото е период кога мора многу да внимаваме на кожата и косата и да се грижиме за нив малку повеќе од вообичаено. Покрај тоа што треба да ги заштитиме надворешно, секогаш прво мора да се погрижиме за внатрешното здравје за грижата да биде комплетна.

Кога е во прашање нега на кожата, многумина ќе кажат дека ние сме она што го јадеме, па се чини дека тоа е и повеќе од вистина.

Познати нутриционисти советуваат што да консумирате за кожата да ви биде супер сјајна и во летниот период.

-Јогурт (за кожа склона кон акни)

Јогуртот има големо влијание на акните и сите останати воспалителни појави на лицето. Ферментираните млечни производи како кефирот и грчкиот јогурт се едноставен начин за урамнотежување на бактериите во цревата бидејќи се богати со пробиотици. Јадете ги редовно за да избегнете претерано потење во текот на летото.

-Авокадо (за воспалена кожа)

Во оваа намирница се наоѓаат голем број на здрави масти, витамин Ц и Е и каротеноиди кои помагаат при намалување на воспалителните процеси, а и целосно ја подобруваат кожата.

-Краставици (за сува кожа)

Краставиците се одлични поради високата содржина на вода, но и корисните влакна кои помагаат при отстранувањето на токсините. Доколку редовно ја консумирате оваа намирница, можете да се збогувате со подочниците и подуваноста во утринските часови. Краставиците исто така содржат витамин Ц кој дополнително помага во обнова на вашата кожа давајќи и супер изглед.

-Куркума (ако имате подочници)

Овој зачин го намалува воспалението, ја зголемува еластичноста на кожата и може да се користи во секое јадење.

-Глуварче (ако имате подочници)

За да ги отстраните темните кругови околу очите, во своите оброци додадете листови од глуварче. Тоа е богато со витамин К, познат како состојка која ја подобрува циркулацијата на крвта.

-Алое вера (ако имате иритирана кожа)

Алое верата е од исклучителна помош кога кожата ќе се воспали од претерано изложување на сонце. Ќе го ублажи црвенилото, ќе го смири воспалението и ќе ја навлажни кожата. Одберете сок од алое вера без шеќер кој ќе ја подобри ситуацијата на целиот ваш организам.

-Тиквици (ако имате изразени брчки)

Тие се богати со влакна, содржат многу витамин Ц кој е одличен за целокупната состојба на организмот.

Извор: Fashion.hr

Фото: Google

Објавено:
5 јуни 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
434 пати