Седум намирници за успешна борба против целулитот

24 јули 2014

Во борбата со целулитот ќе ви помогнат одредени намирници кои не само што се здрави, туку се и лесно достапни, а во продолжение прочитајте за кои точно станува збор

1. Зелениот чај има диуретик ефект и помага во лачење на вишок вода во организмот, а тоа доведува до полесно слабеење и губење на целулитот.

2. Зелката го намалува нивото на шеќер и ја подобрува работата на метаболизмот, а со тоа телото се чисти од токсини.

3. Лукот ги нуди истите работи како и зелката и е совршена намирница за чистење на организмот.

4.  Пиперките исто така се важни во топењето на мастите и во спречување на нивното таложење.

5. Доматите се совршен избор за апсорбирање на маснотиите, но секако доколку не ги комбинирате со масло за готвење..

6. Целерот според нутриционистите е најдобар лек за активирање на работата на метаболизмот и намалување на маснотиите во телото.

7. Младиот лук исто како и зелениот чај има диуретик ефект, а комбинацијата на натриум и калиум придонесува за излачување на вишокот течности во организмот.

Објавено:
24 јули 2014
Категорија: 
Убавина