Селма Хаек: Имам 50, зошто морам да изгледам добро?

15 август 2017

На насловната страна на најновото издание на магазинот „Едит“ е Селма Хаек. Во големата сторија пропратена со едиторијал, актерката зборува за тоа како се соочува со новата животна декада, со изгледот, професионалните предизвици.

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

Текстот започнува со вовед во кој се потенцира тоа дека жените отсекогаш биле построги кон себе и со големи очекувања – да се изгледа добро, да се биде добра сопруга, добра мајка, колешка, жена итн; и како никогаш ништо не е доволно добро.

Еве што на сето тоа има да каже Селма Хаек, па во продолжение ви пренесуваме дел од сторијата:

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

„Сакав сè, но пред сè да бидам добра личност со добри принципи – тоа е вистинска амбиција. Другиот тип е очајност. Сега, мојата најголема амбиција е да бидам организирана личност. Можеби изгледа смешно, но се трудам 50 години да го постигнам тоа и сè уште не ми успева. Во некои делови од мојот живот сум неорганизирана. Ако не сакам да правам одредени работи, не ги правам. На тој начин се бунтувам. А потоа влегувам во неволја, како дете што нема да го сработи домашното. Подобро ми одат вежби, готвењето, но сè уште не сум таму каде што треба да бидам. Стареам и сè уште немам дисциплина. Секогаш си пронаоѓам изговори – патем, брилијантни се. Понекогаш си велам: „Имам 50 години! Зошто морам да изгледам добро? Веќе си го најдов човекот на мојот живот!“. Но, исто така, не сакам ни да го изгубам тој човек“, вели Селма во почетокот.

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

А потоа во текстот се надоврзува за соочувањето со менопаузата:

„Менопаузата е кај секого различна – некои жени ја поминуваат без проблем. Ако сè уште не сте во тој период, замислете дека го поминувате без проблеми. Не е забавно. Но, најголемиот дел од процесот на стареење се случува во моите очи. Не во брчките – туку очите. Јас сум мошне визуелна личност и сега не можам да читам без очила, а ги губам насекаде. Никогаш не слушам другите да се жалат за тоа што имаат очила. Јас навистина сум незадоволна и огорчена што зависам од нив и што со нив морам да го гледам светот. Тоа е навистина, навистина тажно. За мене ситуацијата со очите е многу полоша од менопаузата“ открива актерката.

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

А во сторијата се осврнува и на модата и жените со облини:

„Родена сум во погрешно време, ера. Со големи гради, невозможно е да го пронајдете вистинското парче. Сигурна сум дека 50-тите или 70-тите повеќе ќе ми одговараа. Но, ми се допаѓа зборот „облина“. Уметнички е. Тоа е прекрасна слика, има течение. Рамната линија знае да биде досадна. Мора да размислувате за енергијата, за убавината на звукот. Звукот не патува низ линиите – тој осцилира. Енергијата се осцилациите: водата е со облини, вибрацијата исто. Секси е и моќно. Нема да ве лажам, би сакала облините од некои места да ги снема, односно сакам мали облини“, признава Хаек.

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

Таа порачува дека во животот не треба да стравуваме од промени.

„Не ја бојадисувам мојата коса, но неодамна носев розова перика. Ме инспирираше Наоми Кембел. Таа секогаш се менува. Тоа е фантастично. На маж ми тоа не му се допадна, ми рече: „Ти си луда“. Но, сака шминка, ме сака кога сум дотерана, затоа што ја сака модата. И ја сака мојата кадрава коса. Велам: „Не можам да одам на некое случување со мојата луда кадрава коса“, а тој ми возвраќа: „Но, тоа си ти – ти си струја. Те поврзуваат со моќ и затоа твојата коса е таква“.

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

А што има да каже на темата фрустрации:

„Мојот совет е да ги земете фрустрацијата и стравот и да ги претворите во продуктивност. Да дадете максимум во што и да работите, и за вас и за вашата заедница. Само со достигнување на нашиот целосен потенцијал, можеме да го спречиме расизмот или предрасудите. Можам да кажам дека јас го користам стравот, лутината, фрустрацијата за да бидам најдобра верзија од себе и да бидам пример за другите.

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

На прашањето пак, што е среќа вели:

„Да се биде присутен, инспириран, особено од едноставните работи во животот. Среќата не доаѓа од сатисфакцијата што имате супер кариера, туку од тоа што сте горди на своите избори. Кога сум несреќна или тажна, тогаш станувам ку*ка. Некогаш пијам и пиво. Помага. Некогаш се бањам. Исто така и музиката ми помага. Сите видови. И медитирам. Дишам. Но, првин, пред сè, станувам ку*ка“, открива актерката.

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

фото извор: fashiongonerogue.com; net-a-porter.com

Објавено:
15 август 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.536 пати