Сенки кои му одговараат на вашиот исончан тен

5 август 2013

 

Се вративте од одмор, со видно потемнет тен и се прашувате кои тонови ви прилегаат кога се работи за шминкањето. Ние имаме неколку предлози за вас. Првенствено треба да бидете мошне внимателни во селекцијата на нијанси кои му прилегаат на чоколадниот тен. Изборот треба да се направи мудро, но ако се брзате и немате време за размислување, секогаш можете да се потпрете на неутралните бои, кои ќе го истакнат тенот и природната убавина.

 

 

Ако вашиот тен на кожата е потемен од вообичаеното, бидејќи сте претерале со сончањето, тогаш изберете ги смарагдно зелените тонови на сенки за очи. Овие бои ќе направат да зрачите. Контрастот на зеленото со бронзениот тен ќе биде совршен спој кој ќе го нагласи вашиот егзотичен дух и посебност.

 

 

Без оглед колку е темен или светол вашиот тен, бои кои можете секогаш да ги комбинирате се земјените нијанси. Бакарните и бежовите тонови совршено ќе се вклопат со вашиот тен, а вие ќе изгледате како божица.

 

 

Златните нијанси се исто така пожелни кога имате потемен тен на кожата. Ќе добиете свеж изглед и живост на вашата кожа која веќе има бронзен сјај, па во комбинација со златните светки ќе бидете вистинска ѕвездена дива.

 

 

Ако не сте се исончале многу, тогаш како сенки која одлично ќе се вклопи во вашиот изглед се оние со розовите тонови. Ќе ја нагласат вашата нежна и слатка страна, а во комбинација со поинтензивни бои ќе се создаде интензитет на вистинска жена мачка.

 

 

Постојат и такви нијанси на тонови и бои на сенки кои треба да ги избегнувате во лето кога имате потемнет тен. Тоа се смелите неонски бои и храбри нијанси, со мат финиш, кои создаваат непријатен контраст на вашата кожа и го сокриваат природниот сјај.

Сепак, вие секако знаете што е тоа што најдобро ја истакнува вашата убавина и природен изглед, ние само ви помогнавте во изборот. Уживајте во топлиот летен бран.

Објавено:
5 август 2013
Категорија: 
Убавина