Септемвриски акции во Cosmo дрогерии!

6 септември 2016

Со оглед на тоа дека есента ни се наближува, дрогериите Cosmo им овозможуваат на своите купувачи да ја дочекаат подготвено и економично.

Ако барате нов парфем, ова е вистинско време, бидејќи во текот на актуелниов месец, вашите најомилени машки и женски парфеми се на попуст од 25 до 40 проценти.

Есента е период кога се менува или обновува и козметиката за нега на лице и тело, па ова е уште една причина зошто е добро овој септември да наминете до вашата омилена Cosmo дрогерија.

На попуст ќе бидат и голем дел од производите од декоративна козметика, како и нега за коса.

Акциите, што имате можност да ги видите во летокот во продолжение, ќе траат до 30-ти септември, па  искористете ги поволностите на најдобар можен начин.

Ако веќе не сте го сториле тоа, побрзајте!

Дрогериите Cosmo ве очекуваат!

 

Објавено:
6 септември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.010 пати