Шерон Стоун ги споделува тајните на нејзината убавина

20 јули 2017

Една од најсексапилните холивудски актерки која одлично ги носи своите 59 години, Шерон Стоун, е меѓу ретките личности во светскиот шоу бизнис, која старее природно, без ботокс и инјекции.

Токму овој факт е причина плус да се восхитуваме на нејзиниот природен и свеж изглед. Но, за сметка на ова, Шерон води исклучителна грижа за своето здравје, негата на лицето, косата и телото.

Фото: US Weekly

Нејзината предност се гените. Но, таа потенцира дека многу значајно за свеж и младешки изглед на лицето, е соодветната секојдневна нега. За чистење на лицето користи мицеларна вода, квалитетни влажни марамчиња за отстранување на шминката и креми за хидратација.

Избегнува да пие кафе и да јаде тешко сварлива храна, а притоа и вежба секојдневно. Но, во овој контекст нагласува и дека не треба да се претерува со вежбањето, туку да се вежба онолку колку што е доволно за да се чувствуваме добро во своја кожа.

Фото: GotCeleb

Изборот на храната што таа ја консумира подразбира разновидност. Повеќе преферира риба во однос на друго месо, а омилени активности и се пилатес и пешачење.

За нејзиниот фантастичен изглед има еден едноставен фактор – умереност!

Објавено:
20 јули 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
856 пати