Шест начини како најлесно до брановидна коса

24 февруари 2014

Доколку косата не ви е природно брановидна, постојат многу начини како истото лесно да го постигнете. Веруваме дека многупати сте посакале холивудски брановидна коса за некоја прилика, па сега е вистинското време да го направите тоа.

Во продолжение прочитајте ги овие шест начини и совети што ќе ви помогнат да ја навиткате косата без проблем.

1.Обидете се да ја навиткате косата со крпчиња

Направете си ги оние добро познати крпчиња од материјал за кои дефинитивно сме сигурни дека ако побарате дома, веќе ги имате подготвено од претходно. Земете еден мал прамен од косата, напрскајте го со малку лак и навиткајте го на крпчето од крајот кон коренот. Отспијте една вечер со крпчињата и извадете ги лентите изутрина.

2.Менувајте го правецот на пеглање

Ако сакате брановидна коса, со пеглата притиснете еден прамен и влечете го во одреден правец, а потоа променете го правецот на пеглање. За косата да не ви се заплетка, немојте да ги пеглате краевите.

3.Замотајте ја во две ролни

Додека косата сѐ уште ви е мокра по бањањето, поделете ја на два еднакви дела. Наведнете ја главата надолу и свиткајте го прво едниот дел, а потоа и другиот во ролна и прицврстете ги прамените со шнола. Користете ја истата шнола и за едната и за другата страна. Преспијте вака и следното утро пуштете ја и испрскајте ја со малку лак за коса.

4.Направете мали пунџи

Замотајте неколку прамени со различни големини во мали пунџи и нанесете пена за коса на нив, а потоа добро прицврстете ги. Исушете ги пунџите со фен и оставете ги да се „изладат“ пред да ги откачите.

5.Пробајте да направите бранови со рамна пегла

Рамна пегла за брановидна коса? Звучи чудно, но дефинитивно делува. Користете рамна пегла со заоблени врвови. Додека прамените се во пеглата, вртете ја постепено од коренот па кон краевите. По пеглањето, исчешлајте ја малку косата за да ја направите уште побрановидна.

6.Направете плетенки на мокра коса

Ова најдобро делува ако направите плетенки од мокра коса штом ја измиете. По миењето, само прочешлајте ја и направете плетенки и оставете ги да отстојат преку ноќта. Утрото отплетете ги плетенките и благо поминете со прстите низ косата за да добиете брановиден, природен изглед.

Објавено:
24 февруари 2014
Категорија: 
Убавина